Филмови во движење – CREA-MEDIA-2026 – FILMOVE

By vladimir , 7 November, 2025
Акцијата „Филмови во движење“ ќе ја поттикне и ќе ја поддржи пошироката дистрибуција на новите ненационални европски филмови...

Акцијата „Филмови во движење“ ќе ја поттикне и ќе ја поддржи пошироката дистрибуција на новите ненационални европски филмови преку поттикнување на продажните агенти и дистрибутерите на киносодржини да инвестираат во промоција и соодветна дистрибуција на ненационални европски филмови.

Очекувани резултати

•    Развој на паневропски стратегии за кинодистрибуција и/или онлајн дистрибуција на ненационални европски филмови.
•    Зголемени вложувања во кинопромоција и/или онлајн промоција и дистрибуција на ненационални европски филмови со цел проширување на досегот до публиката.
•    Развивање врски меѓу секторот за производство и дистрибуција, со што се подобрува конкурентската позиција на ненационалните европски филмови на глобалниот пазар.

Опис на активностите што ќе се финансираат во рамките на повикот

Активностите што ќе се финансираат се кампањи за паневропска кинодистрибуција  и/или онлајн дистрибуција на европски филмови, координирани од продажниот агент на филмот.
Апликациите треба да презентираат соодветни стратегии за да се обезбеди поодржлива и поеколошка индустрија и да се обезбеди родова рамнотежа, вклученост, разновидност и репрезентативност.

Линк до повикот

Водич за аплицирање