Онлајн сесија за поврзување (Matchmaking session) за повикот за „Европски проекти за соработка“ (Креативна Европа), 18 март 2026 година.
Дали сте културна или креативна организација со седиште во: Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, Грција, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, РС Македонија, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска?
Канцелариите на Креативна Европа од овие земји ве покануваат да се приклучите на онлајн сесија за поврзување (Matchmaking session) наменета за презентација на проектни идеи и барање партнери за аплицирање на повикот „Европски проекти за соработка (2026)“/„European Cooperation Projects (2026)“.
Кога: 18 март 2026 година, 11:00 – 13:00 часот
Каде: онлајн (Zoom)
🔹 Претставете го вашиот проект како презентер (pitcher) – пријавете се за кратка 5-минутна презентација на вашата проектна идеја, по која следуваат 15 минути прашања и дискусија со учесниците.
Ве молиме имајте предвид: Предност ќе имаат проектите што се во понапредна фаза на подготовка. Предложените проекти треба да имаат јасно изразена европска димензија.
🔹 Приклучете се како набљудувач (observer) – следете ги презентациите и можеби ќе станете партнер во некој од презентираните проекти.
Линкови и рокови за регистрација:
за презентација на проект: до 11 март 2026 година
линк: https://forms.office.com/e/uPcQumpAXw
како набљудувач: до 17 март 2026 година
линк: https://us02web.zoom.us/meeting/register/7l5jqfQbQPOdbH_wURZ9NQ
Вашата регистрација ќе биде автоматски потврдена, а Zoom-линкот ќе биде испратен веднаш по регистрацијата.
Од сите пријавени, 10 проекти ќе бидат избрани за онлајн презентација на 18 март, додека другите ќе бидат вклучени во заедничката база на проекти, која ќе биде споделена со сите регистрирани учесници за понатамошно вмрежување и партнерства.
За повеќе информации, контактирајте ја Канцеларијата на Креативна Европа на РС Македонија на следнава електронска адреса: info@ced.mk