Одржани работилници за Креативна Европа - Култура и МЕДИА

By vladimir , 12 March, 2026
Ве известуваме дека на 11 март 2026 година се одржаа работилници за Креативна Европа - Култура и МЕДИА, на тема: „Соработувај, креирај, додај вредност“.

Ве известуваме дека на 11 март 2026 година (среда) во НУ Музеј на македонската борба за независност и во НУ Археолошки музеј во Скопје  се одржаа работилници за Креативна Европа – Култура и МЕДИА, на тема: „Соработувај, креирај, додај вредност“.

Работилниците се реализираа  во организација на Канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам на РС Македонија, во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа на Република Унгарија и корисниците на програмата Креативна Европа: Пасворд продукција – Скопје, Интерарт културен центар – Скопје, УМПАКИ – Скопје, ИФФК „Браќа Манаки“ и ОХО-продукција, како и во соработка со Координативното тело на ЕПК Скопје 2028 година.