Сесија за поврзување партнери (Matchmaking Session) за меѓународни проекти со библиотеки

By lidija , 10 July, 2026
Сесија за поврзување партнери (Matchmaking Session) за меѓународни проекти со библиотеки

На 8 септември 2026 година ќе се одржи Сесија за поврзување партнери (Matchmaking Session) за меѓународни проекти со библиотеки

Краен рок за поднесување проектни предлози: 23 август 2026 година

Канцелариите на Креативна Европа (Creative Europe Desks) организираат онлајн сесија за поврзување партнери на 8 септември 2026 година, од 13:00 до 15:00 часот, посветена на воспоставување партнерства за меѓународни проекти во кои библиотеките имаат централна улога.

Иницијативата е наменета за библиотеки, невладини организации, културни институции, организации од областа на уметноста, секторот за книги и издаваштво, како и за сите професионалци заинтересирани за развој на европски проекти во партнерство со библиотеки и за аплицирање во рамките на програмата Креативна Европа.

За време на сесијата, учесниците ќе имаат можност да претстават проектна идеја или да се пријават како набљудувачи, со можност да се приклучат на идни меѓународни партнерства. Настанот има цел да ја зголеми информираноста за можностите за европско финансирање, да го поддржи развојот на заеднички проекти, да го олесни пронаоѓањето партнери од различни земји и да ги зајакне мрежите за меѓународна соработка.

Заинтересираните за поднесување проектен предлог треба да ја достават својата апликација најдоцна до 23 август 2026 година. Најмногу седум проекти ќе бидат избрани за презентација во живо за време на онлајн сесијата, а избраните кандидати ќе бидат известени до 31 август 2026 година.

Доколку некој проект не биде избран за презентација, со согласност на предлагачите, тој може да биде вклучен во јавна база на податоци, заедно со контакт-информациите на учесниците, со цел да се олесни воспоставувањето идни партнерства.

Пријавувањето за презентери на проектната идеја е достапно на следниов линк

https://forms.office.com/pages/responsepage.aspx?id=GemQ5eOsAkaKvRFUWSx6SpHasPu2WItBrsvk2Suf_rhUQ05EVlBaQTBRSTlLU0NKVURQOVRUREwzNC4u&route=shorturl

Библиотеките треба да претставуваат централен елемент во сите поднесени предлози бидејќи целта на иницијативата е да ја зајакне нивната улога во европската културна соработка и во развојот на проекти поддржани од програмата Креативна Европа.

Учесниците што сакаат да присуствуваат на сесијата како набљудувачи можат да се пријават за да ги следат презентациите, да се запознаат со потенцијални партнери и да воспостават нови меѓународни контакти.

Пријавувањето за набљудувачи е достапно на следниов линк: 

https://forms.office.com/pages/responsepage.aspx?id=GemQ5eOsAkaKvRFUWSx6SpHasPu2WItBrsvk2Suf_rhUODhNMVY1SjZEV1haTVpIQjhFWUg2MDRUSy4u&route=shorturl

За повеќе информации, можете да ја контактирате Канцеларијата на Креативна Европа – потпрограма Култура на следниве електронски адреси: biljana.prentoska@ced.mk и lidija.pаjevikj@ced.mk