КРЕАТИВНА ЕВРОПА ВО БРОЈКИ (CREATIVE EUROPE IN NUMBERS)

By lidija , 10 July, 2026
КРЕАТИВНА ЕВРОПА ВО БРОЈКИ (CREATIVE EUROPE IN NUMBERS)

По големата заинтересираност на јавноста, Европската комисија ја пушти во употреба новата јавна платформа со податоци (dashboard) за програмата „Креативна Европа“, која овозможува преглед на резултатите на програмата низ годините.

Dashboard е интерактивна алатка која овозможува едноставен пристап до клучните информации за програмата „Креативна Европа“ и увид во нејзиниот развој во програмските периоди од 2014 до 2020 и од 2021 до 2027.

НОВАТА ЈАВНА ПЛАТФОРМА СО ПОДАТОЦИ ГО ОЛЕСНУВА РАЗБИРАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА ПРЕКУ РЕЗУЛТАТИ И СТАТИСТИКА

Колку проекти поддржа „Креативна Европа“ во изминатите години? Во кои културни и креативни сектори беа активни? Колку корисници на грантови добија поддршка преку „Културата ја движи Европа“ (Culture Moves Europe) во последните години? Од каде и каде патуваат корисниците на грантови низ Европа и пошироко?

Овие и многу други податоци сега се достапни преку интерактивната платформа, која на сите заинтересирани им овозможува пристап до клучните показатели за успешноста на програмата и до релевантни податоци. Придружната страница „Creative Europe in Numbers“ ги води корисниците низ платформата и нуди однапред подготвени динамични графикони за полесно запознавање со богатата база на податоци на програмата.

Платформата е развиена со цел да ги зголеми транспарентноста и видливоста на резултатите од програмата, но и да ги доближи податоците до пошироката јавност – од истражувачи и новинари до културни работници и професионалци.

Корисниците се поканети самостојно да ги истражуваат податоците со помош на приспособливи филтри, кои овозможуваат пребарување според конкретни интереси, како што се земја или културен и креативен сектор.

Новата алатка им овозможува на корисниците:

  • да ги истражуваат клучните показатели на програмата „Креативна Европа“;

  • да ги анализираат проектите и финансирањето низ годините;

  • да ги следат трендовите во културниот и креативниот сектор.

 

Платформата е дополнета и со страница за визуелно претставување и интерпретација на податоците, која комбинира текстуални објаснувања со графикони и визуализации, правејќи ги податоците подостапни и полесни за разбирање.

Корисниците можат да го приспособат приказот на податоците според сопствените потреби преку:

  • филтрирање по година, програмски потстолб (strand), земја на апликантот и други критериуми;

  • преземање графикони и мапи како слики или збирки на податоци;

  • детално истражување на поединечни аспекти од програмата.

 

Ова високо ниво на приспособливост ја прави платформата особено корисна за анализи, известување и подготовка на нови проекти.

ПОСЕБНИ КАРАКТЕРИСТИКИ – ФОКУС НА ПОТПРОГРАМАТА КУЛТУРА

Една од главните особености на платформата е посебниот дел посветен на потпрограмата „Култура“, кој, покрај прегледот на податоци по културни и креативни сектори, овозможува и истражување на податоците за мобилноста на уметниците и културните професионалци во рамките на иницијативата „Културата ја движи Европа“ (Culture Moves Europe). На овој начин се овозможува подобро разбирање на меѓународната соработка и движењето на културните професионалци во европскиот културен простор.

ДЕЛ ОД ПОШИРОКАТА ДИГИТАЛНА СТРАТЕГИЈА

Оваа јавна платформа со податоци ја следи практиката на слични алатки развиени за програмите „Erasmus+“ и „Marie Skłodowska-Curie Actions“, со што дополнително се потврдува определбата на Европската Унија за отворени податоци и поголема транспарентност.

КАКО ДА ПРИСТАПИТЕ?

На платформата може да пристапите преку следниов линк: 

https://culture.ec.europa.eu/whats-new/news/dig-into-creative-europes-achievements-through-stats-and-data-visualisations