Европската комисија предлага нова програма “АгораЕУ“

By alfa4 , 5 September, 2025
Комисијата предлага нова програма “АгораЕУ“ за култура, медиа и граѓанско општество. Буџет на ЕУ 2028-2034
Нова програма “АгораЕУ“
Комисијата предлага нова програма “АгораЕУ“ за култура, медиа и граѓанско општество. Буџет на ЕУ 2028-2034

Оваа единствена интегрирана програма ќе обезбеди простори каде што граѓаните ќе можат да се среќаваат, создаваат и разменуваат, слободно да ги изразуваат своите мислења и да станат посвесни и поисполнети со почит кон различноста.

Програмата АгораЕУ ќе ги опфати клучните области на јавната политика што се од особено значење за оснажување на европските граѓани и за зајакнување на капацитетите за изградба на посилни и поотпорни општества.

Цел

Целта е да:

  • да се промовира културната и јазичната разновидност и наследство
  • да се зголеми конкурентноста на културните и креативните сектори, особено на МЕДИА и аудиовизуелната индустрија
  • да се заштити уметничката и медиумската слобода
  • да се заштитуваат и унапредуваат еднаквоста, активното граѓанство, правата и вредностите

Три потпрограми

Структурата ги рефлектира трите основни водечки правила на областите што ги опфаќа, со три јасно дефинирани и соодветни потпрограми:

  • Креативна Европа – Култура
  • МЕДИА+
  • Демократија, Граѓани, Еднаквост, Права и Вредности’ (CERV+)

Поширока Креативна Европа – потпрограма Култура

Креативна Европа – потпрограма КУЛТУРА  ќе се надоврзе на успехот на актуелната Креативна Европа – потпрограма КУЛТУРА - Култура и Креативност повеќе тука , при што ќе го прошири опсегот на понудени можности, придружувајќи ги амбициите на претстојниот Компас за Културата во Европа.

Програмата ќе:

  • ќе им овозможи на културните и креативните сектори поефикасно справување со клучните и новонастанати предизвици;
  • ќе го зајакне креативниот потенцијал на секторите, со целосно почитување на уметничката слобода;
  • ќе ја поттикнува циркулацијата на разновидни културни содржини надвор од националните граници;
  • ќе им помогне на поголем број уметници и креативни професионалци во унапредување на нивните кариери
  • ќе придонесе за поинклузивен пристап на културното изразување и културното наследство;
  • ќе ги зајакне меѓународните културни партнерства и размена;
  • ќе го поддржи развојот на културни политики и систематско собирање на податоци.

Позадина

Програмата АгораЕУ претставува една од предлозите на Европската комисија во рамки на буџетот на Европската унија за периодот 2028–2034, познат и како Мултигодишна Финансиска Рамка (МФР) ("MFF").

Прочитајте повеќе за предлозите на Комисијата за буџетот на ЕУ за периодот 2028–2034.