Европски VOD (видео на барање) мрежи и оператори – CREA-MEDIA-2026 – VODNET

By vladimir , 7 November, 2025
Поддршка на европските ВОД (VOD – видео на барање) мрежи и оператори, за прикажување значителен дел од ненационалните европски дела...

Целта е да се поддржат европските ВОД (VOD – видео на барање) мрежи и оператори, за прикажување значителен дел од ненационалните европски дела, со цел да се подобри нивната конкурентност и привлечност.

Очекувани резултати

•    Зацврстување на прекуграничната соработка меѓу европските VOD-платформи преку заеднички активности за зголемување на онлајн публиката за европска аудиовизуелна содржина.
•    Зајакнување на привлечноста на европските VOD-платформи за прекугранична публика и онлајн потрошувачка во поголем обем.
•    Подобрување на дигиталната циркулација и потрошувачка на европска содржина преку зголемување на нејзината видливост, можност за откривање и истакнатост.
•    Развивање нови бизнис-модели и постигнување раст на обемот на прекуграничните економии.

Опис на активностите што ќе се финансираат во рамките на повикот за предлози

Заеднички прекугранични активности со цел подобрување на конкурентноста и привлечноста на европските VOD-платформи кои нудат значителен дел од ненационални европски аудиовизуелни дела, како и зголемување на достапноста, видливоста, можноста за откривање и истакнатоста на европската содржина за поширока глобална публика (европска и меѓународна).
Апликациите треба да презентираат соодветни стратегии за да се обезбеди поодржлива и поеколошка индустрија и да се обезбеди родова рамнотежа, вклученост, разновидност и репрезентативност.

Линк до повикот

Водич за аплицирање