Целта на поддршката за телевизиски и онлајн содржини е да се зголеми капацитетот на аудиовизуелните продуценти да развијат и да создадат силни проекти со значителен потенцијал за дистрибуција низ цела Европа и пошироко, како и да се олеснат европските и меѓународните копродукции во телевизискиот и во онлајн секторот.
Повикот има цел да ја зацврсти независноста на продуцентите во однос на радиодифузерите и дигиталните платформи, да ја подобри соработката меѓу операторите, вклучувајќи независни продуценти, радиодифузери, дигитални платформи и продажни агенти, од различни земји кои учествуваат во МЕДИА, со цел да се создаде висококвалитетна програма насочена кон широка меѓународна дистрибуција и промовирана пред широка публика, вклучувајќи комерцијална употреба во мултиплатформска средина. Посебно внимание ќе се посвети на проекти што презентираат иновативни аспекти во содржината и во финансирањето, кои покажуваат јасна врска според видените стратегии за дистрибуција.
Очекувани резултати
• Зголемено производство на висококвалитетни европски дела за линеарно и нелинеарно емитување, вклучително и на дигитални платформи, како и зголемување на бројот на копродукции.
• Засилена соработка меѓу операторите од различни земји кои учествуваат во МЕДИА, вклучително и меѓу радиодифузерите.
• Зголемен број на публика за европски дела преку линеарно и нелинеарно емитување, вклучително и на дигитални платформи.
Опис на активностите што ќе се финансираат
Акцијата за телевизиски и онлајн содржини поддржува дела (играни, анимирани и документарни филмови) наменети за линеарно и нелинеарно емитување, презентирајќи:
• Силна соработка меѓу оператори од различни земји кои учествуваат во МЕДИА, вклучително и меѓу радиодифузерите;
• Висока креативна/уметничка вредност и широк потенцијал за прекугранична употреба што може да допре до публиката на европско и на меѓународно ниво;
• Иновативни аспекти во однос на содржината и финансирањето што покажуваат јасна врска со предвидените стратегии за дистрибуција.
Кандидатите треба да презентираат соодветни стратегии за да обезбедат поодржлива и поеколошка индустрија (особено преку користење консултанти за зелена агенда што овозможуваат намалување на влијанието врз животната средина од продукциите и снимањата) и да обезбедат родова рамнотежа, вклученост, разновидност и репрезентативност.