Развој на европски слејт (збирни) проекти – CREA-MEDIA-2026 – DEVSLATE

By vladimir , 7 November, 2025
Поддршка за независни европски продукциски компании способни да развијат слејт со 3 до 5 аудиовизуелни дела...

Целта на поддршката за развој на европски слејт (збирни) проекти е да се поттикне конкурентноста на европските независни продукциски компании и да се зголеми нивната економска вредност на пазарот. Целта е, исто така, да се зголеми капацитетот на аудиовизуелните продуценти за развој на проекти со потенцијал да циркулираат низ цела Европа и пошироко, како и да се олесни европската и меѓународната копродукција.
Поддршката, исто така, ќе обезбеди влезна точка за талентираните млади, давајќи им можност да режираат краток филм поддржан од силната основа обезбедена од искусни компании.

Очекувани резултати

•    Посилна позиција на европските и на меѓународните пазари за компаниите избрани во рамките на европскиот слејт-развој.
•    Зголемен квалитет, изводливост, прекуграничен потенцијал и пазарна вредност на поддржаните европски дела.

Опис на активностите што ќе се финансираат

Поддршка ќе им се даде на независни европски продукциски компании способни да развијат слејт со 3 до 5 аудиовизуелни дела (фикција, анимација, креативен документарец). Ова треба да им овозможи на продукциските компании да ги намалат ризиците и да го зголемат својот капацитет за привлекување таленти и нивно задржување.
Европскиот слејт ќе обезбеди поддршка за развој на минимум 3 и максимум 5 дела за комерцијална употреба наменети за киноприкажување, телевизиско емитување или комерцијална употреба на дигитални платформи или мултиплатформска средина во следните категории: анимација, креативен документарец или фикција. Кандидатите можат да додадат краток филм од талентирани млади во нивниот слејт (по избор).

Цел

Целта е да се обезбедат средства за компаниите за аудиовизуелна продукција за развој на дела со висока креативна вредност и културна разновидност и широк потенцијал за прекугранична примена. Компаниите се охрабруваат да развиваат стратегии за маркетинг и дистрибуција од самиот почеток на фазата на развој, со што ќе се подобри потенцијалот за доближување до публиката на европско и на меѓународно ниво.
Се стреми и кон поголема соработка, вклучително и заеднички развој, меѓу операторите од различни земји што учествуваат во потпрограмата МЕДИА, како и кон засилување на конкурентноста на европските компании за аудиовизуелна продукција преку консолидирање на нивниот капацитет за инвестиции во фазата на развој и проширување на активностите на компаниите и нивниот иновативен капацитет за истражување нови полиња и пазари.
Особено внимание ќе се посвети на апликациите што презентираат соодветни стратегии за да се обезбеди поодржлива и поеколошка индустрија и да се обезбеди родова рамнотежа, вклученост, разновидност и репрезентативност.

Линк до повикот

Водич за аплицирање