Европски заеднички развој – CREA-MEDIA-2026 – CODEV

By vladimir , 7 November, 2025
Со европскиот заеднички развој се поддржува соработка меѓу европски продуцентски компании...

Целта на повикот за европски заеднички развој е да се поддржи соработката меѓу европските продуцентски компании кои развиваат дела со силен меѓународен потенцијал за публика.

Очекувани резултати

•    Зголемена соработка во фазата на развој меѓу европските продукциски компании од различни земји и од различни пазари и следствено зголемен број на копродукции.
•    Зголемен квалитет, изводливост, прекуграничен потенцијал и пазарна вредност на избраните проекти.
•    Посилна позиција на европските и на меѓународните пазари за компаниите избрани во рамките на европскиот заеднички развој.

Опис на активностите што ќе се финансираат

Европската акција за заеднички развој ќе обезбеди поддршка за развој на еден проект за комерцијална употреба наменет за киноприкажување, телевизиско емитување или комерцијална употреба на дигитални платформи или мултиплатформска средина во следните категории: анимација, креативен документарец или фикција. Проектот мора да биде развиен преку соработка на најмалку две европски независни продукциски компании, кои имаат потпишано договор за заеднички развој, во кој се специфицираат поделбата на задачите и соработката во креативните аспекти.

Цел

Целта е да се обезбедат средства за аудиовизуелни продукциски компании за развој на дела со висока креативна вредност и културна разновидност и широк прекуграничен потенцијал за употреба. Компаниите се охрабруваат да развиваат силна и иновативна соработка на креативно и на финансиско ниво и да развиваат стратегии за маркетинг и дистрибуција од самиот почеток на фазата на развој, со што ќе се подобри потенцијалот за допир со публиката на европско и на меѓународно ниво.
Апликациите треба да презентираат соодветни стратегии за да се обезбеди поодржлива и поеколошка индустрија и да се обезбеди родова рамнотежа, вклученост, разновидност и репрезентативност.

Линк до повикот

Водич за аплицирање