Онлајн информативна сесија за повикот „Проекти за европска соработка“ за 2026

By lidija , 19 March, 2026
Онлајн сесија за повикот „Проекти за европска соработка“ за 2026 во организација на Европската извршна агенција за образование и култура

Онлајн информативна сесија за повикот „Проекти за европска соработка“ за 2026

Ве известуваме дека на 23 март 2026 година во периодот од 10:30 до 12:00 часот ќе се одржи онлајн инфосесија посветена на повикот „Европски проекти за соработка“ (CREA-CULT-2026-COOP) во рамките на програмата Креативна Европа – потпрограма Култура.

Повикот е веќе отворен за поднесување апликации и има цел да ги поддржи организациите од културните и креативните сектори од различни земји и со различен обем да реализираат секторски и меѓусекторски активности. Преку овој повик се поттикнува транснационалната соработка, циркулацијата на европски дела и уметници, како и зајакнувањето на капацитетите на секторите за развој на таленти, иновации и одржлив раст.

За време на сесијата ќе бидат претставени клучните аспекти на повикот за 2026 година, со цел да им се обезбедат на потенцијалните апликанти релевантни информации за подготовка на предлог-проекти.

Настанот е во организација на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA), а работен јазик ќе биде англискиот.

За да учествувате на настанот не е потребна претходна регистрација, туку е доволно само да се вклучите преку линкот што може да го најдете тука