Отворен е повик за резиденции за пејачи и музичари во рамките на проектот АРТЕМИС

By lidija , 17 April, 2026
Отворен е повик за резиденции за пејачи и музичари во рамките на проектот АРТЕМИС

Отворен е повик за резиденции за пејачи и музичари во рамките на проектот АРТЕМИС

АРТЕМИС (ARTEMIS) е тригодишен проект на конзорциум од 10 меѓународни организации од музичкиот сектор. Целта на проектот е зачувување, пренесување и промоција на практиката за свирење на инструменти од минатото, како и поддршка на млади уметници од Европа и од соседните земји во развојот на нивните европски и меѓународни кариери. Проектот е поддржан и финансиран од програмата „Креативна Европа“.

Во периодот 2026 – 2028 година, во рамките не АРТЕМИС ќе бидат организирани над 10 обуки во 10 различни земји, отворени за уметници и професионалци од сите европски и квалификувани соседни земји.

Партнери на проектот се: Оркестарот на Шанзелизе (Orchestre des Champs-Elysées) во Поатје, Франција; Група болници на Универзитетот Сорбона (Sorbonne University Hospital Group) во Париз, Франција; Музичката академија „Арте“ (Arte Music Academy) во Никозија, Кипар; Високиот институт за музика во Тунис (Higher Institute of Music of Tunis) во Тунис, Тунис; Отворена опера Украина (Open Opera Ukraine) во Киев, Украина; Концертната сала „Голем килибар“ (Great Amber Concert Hall) во Лиепаја, Летонија; „Еборе музика“ (Eborae Musica) во Евора, Португалија; Центарот „Курсал“ (Centro Kursaal) во Сан Себастијан, Шпанија; ФАМЕС (FAMES) во Скопје, Северна Македонија, и Ерменскиот национален театар за опера и балет (Armenian National Opera and Ballet Theatre) во Ереван, Ерменија.

Програмата на активности е фокусирана околу 4 центри и 4 уметнички програми:
– 2026 Центар Медитеран: Медитеранот во операта
– 2027 Центар Балтик: 1827 – 2027: 200 години од Лудвиг ван Бетовен
– 2027 Центар Атлантик: Нов свет со Дворжак
– 2028 Центар Исток: Француска опера во 19 век.

Во моментов е објавен отворениот повик за активностите што ќе се реализираат во 2026 година во рамките на Медитеранскиот центар. Програмата е организирана од Оркестарот на Шанзелизе (Париз, Франција), Високиот институт за музика во Тунис (Тунис) и Музичката академија „Арте“ (Никозија, Кипар). Уметничката програма е фокусирана на „Медитеранот во операта (Моцарт, Хајдн, Росини)“ и вклучува:

– Резиденција за пејачи и пијанисти од 23 до 28 јуни 2026 година во Музичката академија „Арте“ (Никозија, Кипар), со Жером Кореас и Ан Бертен-Иго;
– Оркестарска академија за инструменталисти и пејачи од 19 до 25 октомври 2026 година во Високиот институт за музика во Тунис (Тунис), со Алесандро Мочија и Сандрин Пио.

Инструменталистите кои ќе учествуваат на Академијата во октомври 2026 во Тунис може да добијат можност да учествуваат и на друга АРТЕМИС-академија.

Повеќе информации за повикот може да најдете на следниов линк