„Сесија за музичката сцена“

By vladimir , 29 April, 2026
„Сесија за музичката сцена“ во рамките на „Форумот за праведност во културната мобилност“

Ве известуваме дека Канцеларијата за Креативна Европа МК при Министерството за култура и туризам, во соработка со „Пасворд продукција“ од Скопје, на 30 април 2026 година, со почеток во 9:30 часот, организира тричасовна „Сесија за музичката сцена“, што ќе се одржи во „Лабораториум“ во Скопје.

Сесијата е дел од програмата на „Форумот за праведност во културната мобилност“ (29 – 30 април 2026г.), организиран од меѓународната мрежа „Во движење“ (On The Move), во партнерство со регионалната мрежа „Кооператива“.

Во рамките на сесијата ќе се отвори дискусија за тоа како музичките професионалци од Балканот да развиваат одржливи меѓународни кариери преку турнеи, настапи и соработка, со цел намалување на финансиските ризици и професионалното оптоварување. Воедно ќе бидат презентирани и можностите што ги нуди програмата „Креативна Европа“, како и клучните предизвици во секторот – вклучително поддршката за уметници и менаџмент, буџетирањето на турнеи и развојот на стратегии за извоз на музика.

Во контекст на Скопје – Европска престолнина на културата 2028, сесијата ќе ја истакне важноста на долгорочното планирање и стратешките инвестиции во музиката како значаен културен и економски сектор.

Програмата на македонски јазик за музичката сесија може да ја најдете на следниов линк

Програма на англиски јазик за музичката сесија

Повеќе информации за Форумот може да најдете на следниов линк