Од 14 до 16 мај 2026 година во Скопје ќе се одржи форумот „Култура за развој“, значаен регионален настан посветен на зајакнување на независната културна сцена во Западен Балкан и во Европа. Форумот е организиран од „Хартефакт“ (Heartefact), во соработка со „Клубтура“ (Clubture), платформата „Кооператива“ (Platforma Kooperativa), A25 и „Еурадија Италија“ (Euradia Italia).
Настанот ќе ги обедини независните културни работници и уметници кои се соочуваат со сè поголеми предизвици – ограничени јавни политики, намалено финансирање и неизвесни европски рамки. Преку заеднички дијалог и прекугранична соработка, форумот има цел да ја потврди улогата на независната култура како јавно добро и клучен фактор за развој на отпорно и инклузивно општество.
Како дел од програмата, BEYOND – Сателитот за Југоисточна Европа во рамките на европската советодавна мрежа Culture Action Europe (CAE) – ќе создаде простор за усогласување на регионалните приоритети и дефинирање на заедничките политики со цел засилување на колективниот глас на регионот и негово поактивно учество во европските културни политики.
Форумот ќе прерасне од простор за дискусија во иницијатива што ќе поттикне конкретни системски промени – од подобрување на работните услови и пристапот до финансирање, до унапредување на мобилноста и долгорочната одржливост на независниот културен сектор.
Повеќе информации и детали за настаните може да најдете на следниве линкови:
https://cultureactioneurope.org/events/culture-for-development-forum-south-east-satellite-beyond/