Нова публикација: „Следење на соѕвездијата – Приказни за културата, соработката и влијанието низ проектите за соработка на Креативна Европа (2021 – 2024)“

By lidija , 10 July, 2026
Нова публикација: „Следење на соѕвездијата – Приказни за културата, соработката и влијанието низ проектите за соработка на Креативна Европа (2021 – 2024)“

„Следење на соѕвездијата Приказни за културата, соработката и влијанието низ проектите за соработка на Креативна Европа (2021 – 2024)“ е нова публикација на Извршната агенција за образование и култура во кој се опфатени 50 проекти финансирани во рамките на повикот за ,,Европски проекти за соработка од потпрограмата Култура на Креативна Европа во периодот 2021 – 2024 година.

Публикацијата се фокусира на пет тематски „соѕвездија“:

  • Европски вредности и демократија;

  • Нови практики и модели во културниот сектор;

  • Дигитална трансформација;

  • Зелена транзиција и одржливост;

  • Млади.

 

Првото соѕвездие, Европски вредности и демократија, ги претставува проектите чија  цел е да ги поттикнат активното граѓанство, заедничките вредности, инклузијата и интеркултурниот дијалог во Европа и пошироко во светот.

Новите практики и модели во културниот сектор, како второ соѕвездие, ги истакнуваат иницијативите кои се справуваат со специфичните предизвици со кои се соочуваат овие сектори – од несигурните работни услови до потребата од одржливи деловни модели.

Во третото тематско поглавје, Дигитална трансформација, проектите истражуваат како културните работници се приспособиле кон дигиталните промени и како користат нови алатки за да обезбедат европската култура да напредува во дигиталната ера.

Зелената транзиција и одржливоста го претставуваат четвртото соѕвездие, покажувајќи дека културата има клучна улога во справувањето со најсложените општествени предизвици, вклучително и зелената транзиција на Европа.

Петтото соѕвездие, Млади, прикажува како проектите за соработка ги вклучуваат младите преку различни и иновативни пристапи, создавајќи можности за нивно активно учество, како публика и како културни професионалци, во европскиот културен живот.

Преку овие тематски целини, публикацијата покажува како проектите поддржани од Креативна Европа ги претвораат европските приоритети во конкретни практики, партнерства и резултати на терен.

Публикацијата можете да ја преземете на следниов линк:

https://www.eacea.ec.europa.eu/news-events/news/new-publication-tracing-constellations-stories-culture-cooperation-and-impact-across-creative-europe-2026-06-02_en