Со особена чест и задоволство ве покануваме да присуствувате на информативните сесии што ги организира Канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам во просториите на „Europe House“ во следниве градови:
- Струга – 18.11.2025 (12:00 – 14:00)
- Крива Паланка – 19.11.2025 (12:00 – 14:00)
- Скопје – 24.11.2025 (12:00 – 14:00)
- Велес – 25.11.2025 (12:00 – 14:00)
- Струмица – 26.11.2025 (12:00 – 14:00)
- Битола – 2.12.2025 (13:00 – 15:00)
- Тетово – 3.12.2025 (12:00 – 14:00)
Во текот на сесиите, Канцеларијата за Креативна Европа ќе ги информира присутните за актуелните и за претстојните повици на програмата „Креативна Европа“ („Култура“ и „МЕДИА“), а ќе обезбеди и практични насоки за процесот на аплицирање. По завршување на настанот, заинтересираните учесници ќе имаат можност за индивидуални консултации.
Настаните се од отворен карактер и се наменети за организации, уметници и професионалци од културниот, креативниот и филмскиот сектор, со цел да се поттикне нивна активна вклученост во европските проекти и да се унапреди нивниот професионален и институционален развој.
Повеќе информации за активностите на Канцаларијата и за програмата Креативна Европа може да најдете на нашата веб стараница: ced.mk
Контакт: Наташа Димитриевска тел: (02) 3207 432,
е-маил: natasha.dimitrievska@ced.mk ; natasha.dimitrievska@gmail.com
Ви благодариме за соработката,
Канцеларија за Креативна Европа
Сектор за европски интеграции
Министерство за култура и туризам
Во прилог ви ја доставуваме Програмата за информативните сесии. Јавноста ќе биде навремено информирана за последователните сесии преку ФБ профилите на Министерството за култура и туризам и Канцеларијата на Креативна Европа.
ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ ЗА ПРОГРАМАТА КРЕАТИВНА ЕВРОПА 2021-2027
(Култура и МЕДИА)
ноември-декември 2025, „Europe House“
П Р О Г Р А М А
11:30-12:00 Регистрација на учесници
12:00-12:40 Прва сесија – Билјана Прентоска, Канцаларија за Креативна Европа МК
• Претставување на програмата Креативна Европа и потпрограмата Култура
• Повици во рамките на потпрограмата Култура
• Прашања и одговори
12:40-12:50 Кафе пауза
12:50-13:30 Втора сесија - Владимир Стојчевски, Канцаларија за Креативна Европа МК
• Претставување на потпрограмата МЕДИА
• Повици во рамките на потпрограмата МЕДИА
• Прашања и одговори
13:30-14:00 Трета сесија – Билјана Прентоска и Владимир Стојчевски, ККЕ МК
• Технички упатста за аплицирање
*За информативната сесија што се организира во Битола, активностите ќе започнат во 12:30.