Програмата Креативна Европа 2021-2027 претставува континуирана посветеност на Европската Унија за поддршка и поттикнување на културните и креативните сектори низ Европа
По повод 35-годишнината од програмата „Креативна Европа МЕДИА“, платформата ,,The 35th Sense” нуди интерактивна игра преку која публиката може да го провери своето познавање на европскиот аудиовизуелен сектор и својата визуелна меморија.
Отворен е повикот за шестото издание на BOUNCE, европска програма за професионален развој и менторство наменета за професионалци од областа на современиот циркус и уметностите на отворено.
Петнаесет уметници од петнаесет земји се во конкуренција за наградите Music Moves Europe Awards 2027, поддржани од програмата на Европската Унија „Креативна Европа“. Номинациите беа објавени на 4 ноември 2026 година, во рамките на настанот Riga Music Week во Латвија, а листата на номинирани уметници ги опфати следниве имиња
Европската платформа IN SITU која е посветена на развој и промоција на уметничко творештво во јавен простор објави нов отворен повик за млади и афирмирани уметници во подем, уметнички двојки и колективи кои работат на проекти во развој и сакаат да ги претстават пред меѓународна публика.
Меѓународното жири составено од независни експерти ги објави 25-те проекти кои влегоа во потесен избор за првото издание на наградата „Симон Вејл“ (Simone Veil Prize). Проектите се издвојуваат по својот квалитет и придонесот кон афирмацијата на еврејското културно наследство како основа за поттикнување дијалог, инклузија и подлабоко разбирање на заедничката европска историја.
На 29 октомври 2026 година, во рамките на Генералната асемблеја на меѓународната мрежа за драма и превод „Еуродрам“, се одржа панел-сесијата „Драмски текстови преку границите: криза, отпорност и зајакнување“, на која се дискутираше за улогата на драматургијата и преводот во време на кризи, како и за нивниот потенцијал да поттикнат отпорност, културна размена и зајакнување на поединците и заедниците.