Работилница: Како до успешна Мини Слејт апликација

By alfa4 , 25 Август, 2025
Двочасовна работилница посветена на повикот за Европски Мини Слејт развојни проекти на потпрограмата МЕДИА
ако до успешна Мини Слејт апликација

Ве известуваме дека Министерството за култура и туризам – Канцеларија за Креативна Европа, во соработка со фестивалот за креативен документарен филм 16. МакеДокс, на 27 август 2025 година (среда),со почеток во 10.00 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), организира двочасовна работилница посветена на повикот за Европски Мини Слејт развојни проекти на потпрограмата МЕДИА.

Работилницата ќе ја водат хрватските експерти Тамара Бабун Зовко и Матија Дрниковиќ од продуцентската куќа Wolfgang & Dolly, кои имаат потврдено искуство во подготовка на апликации и имплементација на овој вид проекти.

Дополнително, по завршувањето на работилницата, како и на 28 август, продуцентите кои планираат да поднесат апликации во рамките на тековниот повик за Европски Мини Слејт развојни проекти (со краен рок за доставување на апликациите – 17 септември 2025 година) ќе имаат можност за индивидуални консултативни средби со експертите и со претставниците на нашата Канцеларија за Креативна Европа, одговорни за потпрограмата МЕДИА.

Информации за тековниот повик за Европски Мини Слејт развојни проекти на програмата МЕДИА можете да најдете тука.