Skip to main content
Канцеларија на Креативна Европа МК

Main navigation

  • Креативна Европа
    • За програмата
    • Како да аплицирате
    • Поставувани прашања
    • Публикации и документи
    • Други ЕУ програми
  • Култура
    • За Култура
    • Повици
    • Поддржани проекти
    • Пронајди партнер
  • МЕДИА
    • За МЕДИА
    • Повици
    • Поддржани проекти
    • Продукции и контакти МК
    • Филмски фестивали МК
  • Меѓусекторска
    • За Меѓусекторска
    • Повици
    • Поддржани проекти
  • Новости
  • За нас
mk
  • MK
  • AL
  • EN

Breadcrumb

  1. Почетна
  2. Меѓусекторска

Меѓусекторска

Иницијативи за промовирање иновативни активности и соработка меѓу аудиовизуелниот и културниот сектор
Меѓусекторска

ШТО Е МЕЃУСЕКТОРСКА ПОТПРОГРАМА?

Меѓусекторската потпрограма има цел да ја зацврсти соработката меѓу различните културни и креативни сектори, за да им помогне да се справат со заедничките предизвици и да најдат нови иновативни решенија. Поддршката се остварува преку соработка во креирање политики, лабораториите за креативни иновации и услугите што ги нудат канцелариите на Креативна Европа. За првпат во овој втор програмски циклус на Креативна Европа се отвори можност за финансирање на новинарскиот медиумски сектор со цел да се промовираат медиумската писменост, плурализмот и слободата на медиумите, како и активностите што ќе му помогнат на овој сектор да се приспособи на структурните и технолошките промени со кои се соочува.

МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

Меѓусекторската потпрограма обезбедува обезбедува финансиска поддршка на:

Новинарски медиуми

Меѓусекторската потпрограма обезбедува финансирање на секторот за новинарски медиуми со цел да се промовираат медиумската писменост, плурализмот и медиумската слобода, како и активностите што ќе му помогнат на секторот да се приспособи на структурните и технолошките промени со кои се соочува.

Повеќе информации може да најдете тука

Лаборатории за креативни иновации

Активностите на лабораториите за креативни иновации поттикнуваат иновативни пристапи во создавањето содржини, дистрибуцијата и промоцијата во рамките на културните и креативните сектори (ККС), како и во други сектори, земајќи ја предвид дигиталната трансформација. Целта на овие лаборатории е: 

  • да ги поттикнат чинителите од различни ККС да дизајнираат и да тестираат иновативни дигитални решенија со долгорочно позитивно влијание;
  • да овозможат креирање иновативни, пазарно ориентирани алатки, модели и методи за аудиовизуелниот сектор и барем уште еден креативен или културен сектор.

Повеќе информации може да најдете тука  

Канцеларии за Креативна Европа

Канцелариите за Креативна Европа претставуваат мрежа на Европската комисија што ги промовира европските иницијативи и го олеснува пристапот за учество во програмата „Креативна Европа“. Во оваа мрежа членуваат националните информативни канцеларии од земјите на „Креативна Европа“ (40+). Генерално, улогата на канцелариите е да обезбедуваат услуги, како што се:  

  • бесплатни информации и насоки за тоа како да се пристапи до можностите за финансирање преку програмата „Креативна Европа“;
  • редовни новости и ажурирања за теми поврзани со аудиовизуелниот, културниот и креативниот сектор на национално, регионално и на европско ниво;
  • поддршка за вмрежување, со олеснување на контактите меѓу организациите од различни земји и можности за пронаоѓање партнери;
  • поддршка на Европската комисија во обезбедување соодветна комуникација и ширење на резултатите и влијанието од програмата.

Повеќе информации за канцалариите за Креативна Европа може да најдете тука

Мени-3

  • За Меѓусекторска
  • Повици
  • Поддржани проекти

Канцеларија за Креативна Европа МК
Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје
е-пошта: info@ced.mk