За нас

Канцеларија за Креативна Европа на Република Северна Македонија (KKE MK)
За нас

Канцеларијата за Креативна Европа на Република Северна Македонија е национална информативна канцеларија за промоција на програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ на Европската Унија. Канцеларијата за Креативна Европа МК е дел од европската мрежа на национални информативни канцеларии кои функционираат во земјите на „Креативна Европа“ (40+). 

Повеќе информации за канцелариите за Креативна Европа може да најдете тука 

Од 2025 година, Министерството за култура и туризам е надлежна институција за администрирање и спроведување на двете потпрограми на „Креативна Европа“, „Култура“ и „МЕДИА“, вклучително и „Меѓусекторската потпрограма“. Канцеларијата за Креативна Европа МК и нејзините активности се кофинансирани од Европската комисија.

Примарни работни задачи на Канцеларијата е да обезбеди практични информации, совети и техничка помош за македонските оператори, професионалци и уметници од културниот, креативниот и филмскиот сектор кои сакаат да аплицираат за финансирање од програмата „Креативна Европа“.  Канцеларијата за Креативна Европа МК обезбедува можности за вмрежување и мобилност, партнерства, промоција на европската програма и поддржаните проекти преку јавни настани и други средства за информирање.

 

КОНТАКТ


Програма Креативна Европа 

Билјана Прентоска, Раководител
biljana.prentoska@ced.mk

Потпрограма „Култура“ 

Лидија Пајевиќ: lidija.pajevikj@ced.mk
Дејан Котевски: dejan.kotevski@ced.mk

Потпрограма „МЕДИА“

Владимир Стојчевски: vladimir.stojcevski@ced.mk
Наташа Димитриевска: natasha.dimitrievska@ced.mk