Culture Action Europe е паневропска мрежа, кофинансирана од програмата Креативна Европа на Европската Унија, која обединува културни мрежи, организации, уметници и активисти од 35 европски земји и се залага за препознавање на културата како суштински дел од европските јавни политики.
Во пресрет на повикот за медиумска писменост (Media Literacy) за 2027 година, во рамките на програмата „Креативна Европа“, се охрабруваат професионалците со релевантно искуство и експертиза во областа на информативните медиуми и новинарството (News Media) да се регистрираат или да ги ажурираат своите профили во порталот на Европската комисија, во делот „Work as an Expert“.