Поддржани проекти од потпрограмата „Култура“ во кои учествуваат македонски организации
Проектите што добиле поддршка од потпрограмата „Култура“ може да ви помогнат во процесот на создавање на вашата проектна идеја со европска димензија.
Повеќе информации за проектите во кои учествуваат организации од нашата земја можете да најдете во дигиталната брошура „Креативна Европа (Дома), Потпрограма Култура, Поддржани проекти“ .
Официјалните информации за проектите поддржани од трите потпрограми на „Креативна Европа“ (Култура, МЕДИА и Меѓусекторска) можете да ги најдете на платформата за резултати на Европската комисија.
Платформата претставува корисна алатка за сите оние што се заинтересирани за: аплицирање на еден од повиците на програмата „Креативна Европа“, барање потенцијални партнерски организации со искуство во европски проекти за вашиот прв или следен проект, како и за информирање за активностите на Европската Унија во културниот и аудиовизуелниот сектор.
Повеќе информации за платформата може да најдете тука
Повеќе информации за поддржани проекти во рамките на потпрограмата „Култура“ може да најдете тука