ПОТПРОГРАМА МЕДИА
Поддршка и промоција на Европскиот филмски и аудиовизуелен сектор
Европската комисија го смета филмскиот и аудиовизуелниот (AV) сектор за клучен во однос на заштитата и вреднувањето на културната разновидност и суверенитетот на Европа. Затоа, таа ги поддржува продукцијата, дистрибуцијата и промоцијата на висококвалитетни европски дела (вклучувајќи филмови, ТВ-серии, документарци, видеоигри и импресивна содржина) со цел да се зголеми конкурентноста на европската AV-индустрија на глобално ниво.
Потпрограма МЕДИА на Креативна Европа
Потпрограмата „МЕДИА“ на програмата „Креативна Европа“ ги поддржува европските филмски и аудиовизуелни индустрии од 1991 година. Со текот на годините, оваа поддршка се развиваше за да се приспособи на технолошките промени, воведувајќи мерки, како што се:
- обезбедување поддршка за професионалци преку обука и стимулации за соработка;
- поттикнување на создавањетофилмови, видеоигри и, од неодамна, импресивни искуства;
- забрзување на дистрибуцијата на аудиовизуелни дела низ Европа и пошироко;
- обезбедување поддршка за фестивали, саеми, кина и проекти за привлекување публика;
- промовирање холистичка европска аудиовизуелна политика.
Актуелни предизвици за аудиовизуелниот сектор
Европската аудиовизуелна индустрија е формирана од голем број високоиновативни и креативни независни компании за продукција и дистрибуција. Иако овие компании го отелотворуваат импресивниот креативен потенцијал на европските културни индустрии, тие честопати немаат финансиска сила да се натпреваруваат на глобално ниво. Во текот на изминатата деценија, филмскиот и аудиовизуелниот сектор поминаа низ брзи промени поради технолошките и дигиталните револуции. Ваквите промени го преобликуваа начинот на кој се произведува, дистрибуира и консумира аудиовизуелната содржина. За да ги прифатат овие нови предизвици, професионалците треба да развијат нови дигитални вештини. Во исто време, компаниите треба да усвојат иновативни бизнис-модели и да обезбедат нивната публика да има подобар дигитален пристап до содржината.
Кои се следните чекори?
Комисијата ќе продолжи да го поддржува секторот низ целиот вредносен синџир. Според новата повеќегодишна финансиска рамка од 2021 до 2027 година со зголемен буџет, Креативна Европа – МЕДИА ќе продолжи да ја поддржува индустријата за зголемување на прекуграничната соработка, прифаќање на иновациите, новите технологии и новите бизнис-модели и ставање на публиката во основата на европската политика за филмскиот и аудиовизуелниот сектор.
Потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа ги поддржува европските филмски и аудиовизуелни индустрии да создаваат, да дистрибуираат и да промовираат европски дела, земајќи ја предвид денешната дигитална средина.
Акции за поттикнување на конкурентноста, иновативноста и одржливоста на Европскиот аудиовизуелен сектор
- Иницијативи од аудиовизуелниот сектор, како што се оние што ги промовираат создавањето, дистрибуцијата или пристапот до аудиовизуелни дела.
- Да се поттикнува соработката низ синџирот на вредностите на аудиовизуелната индустрија и на ниво на ЕУ со цел да се зголемат претприемачките продукции и европските содржини на глобално ниво.
- Да се негуваат таленти – од каде и да доаѓаат – и да се олеснува споделувањето на знаењето.
- Поддршка на иновативни решенија за да се задоволат барањата и трендовите на пазарот.
- Да се ангажира околу публиката од сите возрасти, особено со помладите генерации.
КВАЛИФИКУВАНИ АПЛИКАНТИ
Следните групи се подобни да аплицираат за можности за финансирање во рамките на кластерот за содржини и бизнис кластерот - организации за обука, дистрибутери и продажни агенти, технолошки компании, услуги за видео на барање, агрегатори, кино прикажувачи, филмски пазари итн. Во рамките на кластерот за публика, следните групи се подобни да аплицираат - кино оператори, организатори на фестивали, мрежи и оператори за видео на барање, театарски дистрибутери, продажни агенти, институции за наследство итн.
За подетални информации ве молиме консултирајте го документот за повик за предлози.
ГРАНТОВИ
Грантовите од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма „МЕДИА“ се доделуваат преку конкурентни повици за предлог-проекти, објавени на Порталот за финансирање и можности за тендери на Европската комисија/EU Funding & Tenders Portal. Ве молиме имајте предвид дека повиците имаат ограничени рокови за поднесување и не се отворени континуирано. Горенаведените грантови може да се доделуваат еднаш или двапати годишно. Заинтересираните корисници треба да се повикаат на актуелната работна програма со цел навремено да се информираат за достапните грантови.
МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
2021 година ја означи не само 30-годишнината на МЕДИА туку и почетокот на новата програма Креативна Европа за периодот 2021 – 2027 година. За да се обезбеди поголема флексибилност во поддржаните акции и да се поттикне соработката меѓу различните делови од аудиовизуелниот синџир на вредности, приоритетите се структурирани околу 4 кластери.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ КЛАСТЕРИТЕ
Кластер за содржини
Креирањето и производството на висококвалитетни содржини е основата на Европската аудиовизуелна индустрија. Како од одраз на европските вредности, вклучувајќи ја и нејзината различност, европските дела се препознаваат и се наградуваат на глобалната сцена. Секоја година „МЕДИА“ го поддржува создавањето на над 400 европски филмови, ТВ-серии, документарни филмови и видеоигри.
Фокус на прекуграничната соработка
Овој кластер се фокусира на активности со силна европска додадена вредност за:
- Зацврстување на прекуграничната соработка меѓу продуцентите и креаторите на содржини;
- Стимулирање на иновациите во однос на содржината, бизнис-моделите и технологијата.
Специфични акции за поддршка и нивни цели
Копродукција
Оваа акција овозможува зголемување на бројот на аудиовизуелни проекти и им овозможува на продуценти од различни земји да соработуваат во фазата на создавање. Повеќе тука
Развој на „слејт“
Оваа акција ги поттикнува продуцентските компании да создадат портфолио од 3 до 5 аудиовизуелни дела, со што се зголемуваат креативните можности и се поттикнува квалитетот. Повеќе тука
Развој на „мини слејт“
Оваа акција соодветствува на специфичните потреби на продуцентите од земји со помал капацитет, поттикнувајќи пристап со ограничено портфолио (2 – 3 аудиовизуелни дела). Повеќе тука
ТВ и онлајн содржина
Оваа акција им овозможува на независните продуценти да преземат иницијатива и да ги реализираат своите оригинални продукции. Повеќе тука
Видеоигри и имерзивна содржина
Оваа акција има цел да ја зајакне способноста на продуцентите на видеоигри, студијата за проширена реалност и аудиовизуелните продукциски компании во создавањетоквалитетни и иновативни дела. Повеќе тука
Бизнис-кластер
Бизнис кластерот на потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа промовира бизнис-иновации, приспособливост и таленти низ синџирот на вредности на европската аудиовизуелна индустрија. Ова е потребно поради зголемувањето на бројот на глобалните актери во секторот и дигиталната трансформација. Секоја година, потпрограмата „МЕДИА“ поддржува обука на над 2 400 професионалци и промоција и дистрибуција на над 300 аудиовизуелни дела.
Поддршка на конкурентноста, талентите и соработката
Акциите во рамките на ова поглавје имаат цел да ги поттикнат учењето и споделувањето на знаења, со цел индустријата да излезе надвор од нејзините националните граници. Главните цели на овие акции се следниве:
- негување на аудиовизуелни таленти преку активности со силен фокус на менторство, дигитални вештини и вештини за одржлив развој (зелена агенда);
- поттикнување бизнис-соработка (B2B) што ги опфаќа сите делови од синџирот на вредности и има цел глобалнараспространетост;
- промовирање на транснационална дистрибуција на содржина надвор од границите и на платформи.
Специфични акции за поддршка и нивни цели
Европски медиумски таленти и вештини
Оваа акција има цел да ги зајакне способноста и капацитетот на аудиовизуелните професионалци да се приспособат на нови креативни процеси и нови бизнис-модели. повеќе тука
Пазари и вмрежување
Да се поттикнат бизнис-можности за соработка меѓу продукциски компании (B2B) и да се олеснат копродукциите, циркулацијата и дистрибуцијата на европски дела на меѓународните пазари. повеќе тука
Европска филмска дистрибуција / Продажба на европски филмови
Целта на оваа акција е да ги поттикне способноста и капацитетот на дистрибутерите на аудиовизуелна содржина да инвестираат во промоција на европски дела надвор од нивните територии. повеќе тука
Иновативни алатки и бизнис-модели
Оваа акција ја подобрува видливоста и достапноста на европските аудиовизуелни дела и го зголемува бројот на нивната публика во дигиталната средина преку поддршка за откривање, редослед на периодите на објавување, финансирање и територијалност, еколошка одржливост и слично.
МЕДИА 360
Оваа акција поддржува иницијативи кои опфаќаат развој на таленти, пристап до пазари, дистрибуција на аудиовизуелни дела и иновативни алатки, чии стратегии носат значителна додадена вредност и структурно влијание за целата европска аудиовизуелна индустрија. повеќе тука
Кластер за публика
Кластерот за публика ги поврзува европските аудиовизуелни дела со нивната публика и го поддржува привлекувањето на публиката низ Европа и пошироко. Секоја година потпрограмата„МЕДИА“поддржува над 1100 киноприкажувачи во 34 земји и допира до 65 милиони луѓе преку границите.
Поддршка за привлекување публика на повеќе платформи
Секторот во последните години сведочи на постепено преминување од кино кон дигитални платформи, процес кој беше забрзан од кризата предизвикана од КОВИД-19. Овојкластер ќе ја поддржи аудиовизуелната индустрија да ги искористи и максимално да ги валоризира можностите што ги нуди дигиталната транзиција, со цел да се задоволат навиките на европските гледачи.
Акциите на Кластеротза публика ќе поддржат иновативни начини за вклучување на публиката со цел да се постигне следново:
- да се стимулира привлекување на публиката на сите платформи;
- вклучување на помладата публика преку различни едукативни и промотивни средства;
- обезбедување пристап до содржини преку поддршка за титлување.
Специфични акции за поддршка и нивни цели
Мрежа на европски кина
Оваа акција промовира иновативни пристапи кон киноискуството кои комбинираат видливост на европските дела и нивна зголемена достапност за публиката. повеќе тука
Европски фестивали
Оваа акција ги поттикнува циркулирањето и видливоста на европските аудиовизуелни дела надвор од нивните територии и ја зголемува нивната достапност за публиката. повеќе тука
Европски мрежи и оператори за „видео на барање“ (VOD)
Оваа акција го зголемува бројот на гледачи на европски дела на европските стриминг-платформи преку стимулирање, уредување на каталози, заеднички проекти и анализа на податоци за публиката. повеќе тука
Филмови во движење
Оваа акција ја поддржува дистрибуцијата на кинопроекции и онлајн стримингна европските филмови надвор од нивните територии. повеќе тука
Титлување на културна содржина
Оваа акција има цел да обезбеди пристап до аудиовизуелни содржини за сите граѓани на ЕУ и со тоа да го зголеми протекот на европски културни програми низ Европа.
Привлекување публика и филмска едукација
Оваа акција има цел да го поттикне интересот на публиката, особено на младата публика, преку настани насочени кон публиката и иновативни или прекугранични иницијативи за филмска едукација. повеќе тука
Мрежи на европски фестивали
Оваа акција поддржува соработка меѓу фестивалите, преку здружување на ресурси и експертиза, со цел постигнување заеднички цели. повеќе тука
Кластер за поддршка на политики
Усогласен европски пристап кон клучните прашања од областа на аудиовизуелната политика е од особено значење за зајакнување на единствениот европски аудиовизуелен пазар.
Поддршка на аудиовизуелната индустрија
Целта на Кластерот за поддршка на политики е да промовира холистичка европска аудиовизуелна политика преку:
- регулаторен дијалог;
- споделување анализи и податоци;
- проактивна интелигенција за трендовите;
- консултации со засегнатите страни;
- промотивни и информативни активности.
(повеќе тука)
Специфични акции за поддршка и нивни цели
Интелигентна анализа на податоци
Преку овој кластер, Креативна Европа финансира студии за идните трендови во аудиовизуелниот екосистем, во тесна соработка со Европската аудиовизуелна опсерваторија и Европската групација на регулатори за аудиовизуелни медиумски услуги.
Размена на политики и соработка со земјите членки
Креативна Европа го олеснува разменувањето информаци и во областите за пристап до финансирање, дигитална и зелена трансформација, различност и примената на Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги.
Комуникација, застапување и ангажман со индустријата
Целта на овој дел е да се овозможи структуриран дијалог меѓу креаторите на политиките и засегнатите страни за стратегиските предизвици со кои се соочува секторот.
Активности за вклучување на публиката и информативни кампањи за подигнување на свеста
Поддршката за европските награди, како што се Европската филмска награда и Наградата на публиката „LUX“ на Европскиот парламент, како и за филмското наследство, има цел да ги прикаже сегашните и минатите европски филмски бисери пред широка публика во целиот свет.