Поддржани проекти од потпрограмата „МЕДИА“ во кои учествуваат македонски организации
Проектите што добиле поддршка од потпрограмата „МЕДИА“ може да ви помогнат во процесот на создавање на вашата проектна идеја со европска димензија.
Официјалните информации за проектите поддржани од трите потпрограми на „Креативна Европа“ (Култура, МЕДИА и Меѓусекторска) можете да ги најдете на платформата за резултати на Европската комисија.
Платформата претставува корисна алатка за сите оние што се заинтересирани за: аплицирање на еден од повиците на програмата „Креативна Европа“, барање потенцијални партнерски организации со искуство во европски проекти за вашиот прв или следен проект, како и за информирање за активностите на Европската Унија во културниот и аудиовизуелниот сектор.
Повеќе информации за платформата може да најдете тука.
Повеќе информации за поддржаните македонски проекти во рамките на потпрограмата „МЕДИА“ може да најдете тука.