Skip to main content
Канцеларија на Креативна Европа МК

Main navigation

  • Креативна Европа
    • За програмата
    • Како да аплицирате
    • Поставувани прашања
    • Публикации и документи
    • Други ЕУ програми
  • Култура
    • За Култура
    • Повици
    • Поддржани проекти
    • Пронајди партнер
  • МЕДИА
    • За МЕДИА
    • Повици
    • Поддржани проекти
    • Продукции и контакти МК
    • Филмски фестивали МК
  • Меѓусекторска
    • За Меѓусекторска
    • Повици
    • Поддржани проекти
  • Новости
  • За нас
mk
  • MK
  • AL
  • EN

Breadcrumb

  1. Почетна
  2. Креативна Европа
  3. Како да аплицирате

Како да аплицирате

Процес на аплицирање и управување со грантовите
Креативна Европа

Процесот на аплицирање и управување со грантовите се одвива по електронски пат (E-Grants), што претставува интегрирана алатка наменета за сите програми на Европската Унија со цел да се овозможи поефикасно спроведување на селекцијата, склучувањето договори, известувањето и исплатата. 

Портал за можности за финансирање и тендери (FTOP) 

FTOP е влезна точка за сите учесници и експерти во програмите за финансирање управувани од Европската комисија и од другите тела на ЕУ. На овој портал се објавуваат сите повици на програмата „Креативна Европа“ (и другите програми на Унијата). Поднесувањето на апликациите, постапката на подготовка на апликацијата за грант (GAP), електронското потпишување на договорите и управувањето на поддржаните проекти се спроведуваат преку овој портал. 

Подетални информации за можностите за финансирање и за постапката на аплицирање може да најдете тука.

EU Login и PIC-број

За да аплицирате за грант на која било од програмите на Европската Унија, вклучувајќи ја и програмата „Креативна Европа“, мора да имате важечки EU Login и PIC-број (Идентификациски код на учесник). Регистрацијата може да ја направите на порталот (FTOP) во секое време. Повеќе информации може да најдете  тука. 

LEAR 

Новите апликанти треба да имаат регистриран овластен претставник на правното лице – LEAR, кој има многу важна улога поради електронската постапка на управување со договорите за грант. Информации за оваа постапка може да најдете  тука

Доколку апликантот/организацијата има потреба да го промени својот LEAR, треба да ги следи инструкциите дадени на  FTOP  тука 

Мени креативна европа

  • За Креативна Европа
  • Како да аплицирате
  • Поставувани прашања
  • Документи и публикации
  • Други ЕУ програми

Канцеларија за Креативна Европа МК
Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје
е-пошта: info@ced.mk