Програмата „Креативна Европа“ го објави повикот ,,Циркулација на европски книжевни дела“ 2027 (Circulation of European Literary Works - CREA-CULT-2027-LIT), наменет за поддршка на проекти што овозможуваат европските книжевни дела да достигнат нови читатели преку превод, објавување, дистрибуција и промоција во други земји.
Отворен е повикот за индивидуална мобилност 2026–2027 во рамки на програмата ,,Културата ја движи Европа“ (Culture Moves Europe), наменет за уметници и културни професионалци кои сакаат да реализираат меѓународен уметнички или културен проект во друга земја од програмата ,,Креативна Европа“.
Изведбена Европа (Perform Europe) е програма за финансиска поддршка наменета за меѓународна соработка во областа на изведувачките уметности во сите 41 земја што учествуваат во програмата Креативна Европа. Програмата поддржува партнерски проекти кои развиваат нови, поодржливи, поинклузивни и поправедни модели на меѓународни гостувања и турнеи.
Отворен е повикот за акцијата „Циркулација на европските книжевни дела“ (CREA-CULT-2026-LIT) на програмата „Креативна Европа на Европската Унија“ за 2026 година