Повик за Проекти за европска соработка во рамките на програмата Креативна Европа – потпрограма Култура за 2025 година

By alfa4 , 9 Јуни, 2024
Отворен е повикот за Проекти за европска соработка во рамките на програмата Креативна Европа – потпрограма Култура за 2025 година со краен рок за поднесување на предлог-проектите, 13 Мај 2025 година до 17 часот (средноевропско време

Поддршката на Европската Унија во рамките на повикот за Проекти за европска соработка е наменета за проекти со широк спектар на активности и иницијативи кои вклучуваат организации од културните и од креативните сектори во 40-те земји учеснички во програмата Креативна Европапотпрограма Култура.

Со буџет од 59 979 335 милиони евра за 2025 година,  се очекува да се поддржат околу 130 проекти, кои ќе овозможат соработката меѓу организациите активни на полето на културата во земјите учеснички во Програмата Креативна Европа – Потпрограма Култура  за да се зајакне транснационалната димензија на создавање и циркулација на европската уметничка содржина, мобилноста на уметниците и професионалците од релевантните сектори, размената на знаења и искуства меѓу културните организации и сл. Исто така се очекува преку проектите да се поттикнат развојот, експерименталноста, ширењето на информации и примената на нови и иновативни практики.

 

ЦЕЛИ НА ПОВИКОТ

Цел 1 – Транснационално создавање и циркулација

Зајакнување на транснационалното создавање и циркулација на европски дела и уметници.

Транснационалното создавање и циркулација се клучни за напредок на соработката, зголемување на досегот и, во многу случаи, за одржливоста и развојот на културните организации, институции и индивидуалци. Копродукцијата претставува алатка за поттикнување на креативноста, споделување на ресурси и олеснување на транснационалната дистрибуција на содржини и мобилност на уметниците. Проектите треба да го земат предвид новиот контекст, како што се здравствените или еколошките предизвици, и да интегрираат иновативни (дигитални) начини на создавање и ширење на содржини. 

Цел 2 – Иновативност

Зголемување на капацитетите на европските културни и креативни сектори за поддршка на таленти, развој на иновации, просперитет, односно создавање работни места и економски раст.

Проектите кои одговараат на оваа цел треба да бидат насочени кон зајакнување на капацитетите, што може да биде од технолошка и/или уметничка природа. Ова може да вклучува развој и тестирање на нови практики или модели, како и ширење на иновативни практики. 

Иновативноста може да се однесува и на социјална димензија, и тоа: вклучување и развој на публиката, родова еднаквост, инклузија на лица со попреченост, припадници на малцинства и социјално маргинализирани групи, борба против климатските промени, дигитализација итн. Исто така, културата може да придонесе за здравјето и благосостојбата, особено за менталното здравје, земајќи ги предвид постоечките докази и тековната криза на менталното здравје која особено ги погодува младите.

Составен дел на целите и прироритетите на предлог-проектите се меѓусекторските вкрстени теми (Cross Cutting Issues), и тоа: инклузијата, разноликоста, родовата еднаквост и еколошките прашања кои придонесуваат во борбата против климатските промени.

Проектите за европска соработка се отворени за сите културни и креативни сектори. Земајќи предвид дека оваа повикот е дел од Потпрограмата Култура, проектите со ексклузивна аудио-визуелна содржина и/или исклучиво составени од организации од аудио-визуелниот сектор немаат право да аплицираат.

 

Категории на повикот

Новина: Повикот за европска соработка за 2025 година се однесува на трите категории

  • CREA-CULT-2025-COOP-1 проекти за соработка од (Мал обем): минимум 3 партнери од 3 кфалификувани земји/ЕУ грант до 200.000 евра (до 80% од вкупниот буџет на проектот)
  • CREA-CULT-2025-COOP-2 проекти за соработка од (Среден обем): минимум 5 партнери од 5 кфалификувани земји/ ЕУ грант до 1000.000 евра (до 70% од вкупниот буџет на проектот)
  • CREA-CULT-2025-COOP-3 проекти за соработка од (Голем обем): минимум 10 партнери од 10 кфалификувани земји/ЕУ грант до 2000.000 евра (до 60% од вкупниот буџет на проектот)

 Времетраењето на проектите од трите категории изнесува максимум 48 месеци.

 

Квалификувани апликанти

Правни лица (приватни и јавни) со седиште (регистрирани) во една од 40-те земји учеснички во програмата Креативна Европа – потпрограма Култура. Физички лица не се квалификувани за аплицирање во програмата.

 

Рок за аплицирање

Краен рок за поднесување на предлог-проектите е 13 Мај 2025 година, до 17 часот по средноевропско време.

Апликациите се поднесуваат електронски преку „Funding &Tenders Opportunity Portal“ на следниов линк

Повеќе информации за критериумите и за начинот на поднесување на предлог-апликацијата може да најдете во документот за повикот (COOP Call Document 2025. Верзија 1.0 од 10 декември 2024)) на следниов линк