При подготовка на вашиот проект, прочитајте ги најчесто поставуваните прашања
Дали физички лица може да аплицираат?
На повиците на „Креативна Европа“ може да аплицираат единствено правни лица. Од 2021 година физичките лица може да аплицираат со проекти за мобилност во рамките на програмата „Културата ја движи Европа“, чие управување Европската комисија го делегираше на Гете-институтот од Брисел.
Каква е улогата на водечкиот партнер во проектот?
Договорната обврска кон Европската комисија во име на сите партнери ја има водечкиот партнер, односно носителот на проектот. Тој се јавува како потписник на договорот, корисник на средствата и управува со проектот. По завршувањето на проектот, тој доставува извештај до Европската комисија за остварените резултати.
Каква е улогата на партнерите во проектот?
Партнерите мора да имаат јасно определени и суштински улоги во осмислувањето и спроведувањето на проектот. Овие улоги мора да бидат прецизно наведени во самиот предлог-проектот. Заедно со носителот на проектот, партнерите учествуваат во развивање на предлог-проектот, во имплементација на проектните активности и во подготовка на сите извештаи преку доставување информации за нивниот придонес во реализираните активности.
Што е придружен партнер?
Придружен партнер е организација од областа на културата која учествува во имплементацијата на проектните активности со значително помал број активности и финансиски обврски споредено со партнерите во проектот. Самостојните трошоци на придружните партнери не се прифатливи, освен ако не се директно покриени од страна на носителот на проектот и/или партнерите.
Дали иста организација може да аплицира со повеќе проекти на еден повик?
Како водечки партнер во проект, организацијата има право да аплицира само со еден проект во рамките на еден повик. Но, како партнер во проект не постои ограничување во однос на бројот на проекти во кои може да учествува вашата организација во рамките на еден повик.
Дали мали и новоосновани организации може да аплицираат?
Конкурсите се отворени за организации и установи со различен капацитет и обем, а специфичните услови за аплицирање се содржани во самите повици.
Кого да контактирам за техничка помош околу апликацијата?
Доколку имате потреба од насоки и совети при подготовката на апликацијата, можете да се обратите до нашата канцеларија за „Креативна Европа“ на електронската адреса: info@ced.mk
Доколку се соочите со технички проблеми при поднесувањето на апликацијата, можете да се обратите до ИТ-поддршката во Бриселтука.
Одговори на поголемиот дел од техничките прашања може да најдете во онлајн прирачникоттука.
Кој ги оценува апликациите?
Сите апликации ги оценуваат независни експерти кои се избираат од базата на податоци со кои располага Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Експертите имаат висок степен на стручност во различните области опфатени во програмите што ги управува Агенцијата. Секоја апликација се евалуира од двајца независни експерти или од група експерти, во зависност од видот на повикот. За да се избегне судир на интереси, експертите не евалуираат апликации од нивните земји. Доколку сте заинтересирани да се регистрирате и да работите како експерт, повеќе информации можете да најдете тука
Каде можам да го најдам логото на Креативна Европа?
Корисниците се обврзани да го прикажуваат знамето на ЕУ и да ја наведат поддршката добиена преку соодветните програми на ЕУ во целокупниот комуникациски и промотивен материјал. Инструкции за користење и за преземање на соодветните датотеки можете да најдете тука