Skip to main content
Канцеларија на Креативна Европа МК

Main navigation

  • Креативна Европа
    • За програмата
    • Како да аплицирате
    • Поставувани прашања
    • Публикации и документи
    • Други ЕУ програми
  • Култура
    • За Култура
    • Повици
    • Поддржани проекти
    • Пронајди партнер
  • МЕДИА
    • За МЕДИА
    • Повици
    • Поддржани проекти
    • Продукции и контакти МК
    • Филмски фестивали МК
  • Меѓусекторска
    • За Меѓусекторска
    • Повици
    • Поддржани проекти
  • Новости
  • За нас
mk
  • MK
  • AL
  • EN

Breadcrumb

  1. Почетна
  2. Култура
  3. Пронајди партнер

Пронајди партнер

Програмата „Креативна Европа“ поддржува копродукциски, транснационални проекти. Партнерството има клучна улога во создавањето и спроведувањето на вашиот проект.
Gjej partnerë

ПРОНАЈДИ ПАРТНЕРИ

Програмата „Креативна Европа“ поддржува копродукциски, транснационални проекти. Партнерството има клучна улога во создавањето и спроведувањето на вашиот проект. 

Зошто ни се потребни партнерски организации?

Основата цел на „Креативна Европа“ е поддршка на европската соработка преку границите. Доколку сакате да учествувате во проекти со европска димензија, како што се  проектите за соработка ,  европските мрежи  или  европските платформи  во рамките на потпрограмата „Култура“, како и за  кофинансирање на развој на проекти  во рамките на потпрограмата „МЕДИА“,  ќе мора да соработувате со партнерски организации од земјите учеснички во „Креативна Европа“ . Најдобрите партнерства произлегуваат од вашите лични контакти и веќе воспоставена соработка со европските организации. Но, постојат и други начини и алатки преку кои можете да започнете и да развивате европски партнерства, и тоа преку:  Порталот за можности за финансирање и тендери на Европската комисија, канцелариите за Креативна Европа и сл. 

Портал за можности за финансирање и тендери (FTOP) 

Европската комисија преку  Порталот за финансирање и тендери   (FTOP)  нуди можности за барање партнери. Оваа алатка е достапна на страницата каде што се објавени активните повици. Повеќе информации за користењето на оваа алатка може да најдете  тука  

Канцеларија за Креативна Европа на МК

Доколку имате потреба за партнерска организација за вашиот проект, овој формулар можете да го пополните во ворд-формат и да го испратите во ПДФ-формат на електронската адреса:  info@ced.mk , 

Ние ќе го дистрибуираме меѓу канцелариите на Креативна Европа. Заинтересираните организации треба директно да стапат во контакт со вашата организација како подносител на барањето за партнерство.

Бази за барање партнери на канцелариите за Креативна Европа

Побарајте го вашиот партнер преку канцелариите за Креативна Европа кои имаат креирано бази за барање партнери  тука

Мени-1-култура

  • За култура
  • Повици
  • Поддржани проекти
  • Пронајди партнер

Канцеларија за Креативна Европа МК
Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје
е-пошта: info@ced.mk