Повик за организатори на резиденции „Културата ја движи Европа“

By vladimir , 21 Декември, 2025
Отворен е нов повик за организатори на резиденции во рамките на акцијата „Културата ја движи Европа“ (Culture Moves Europe)

Повикот за организатори на резиденции обезбедува финансиска поддршка за правни лица кои сакаат да бидат домаќини на уметници и културни професионалци во рамки на резиденциски проект кој се спроведува во две последователни фази:

Фаза 1. Поднесување апликација со опис на резиденцискиот проект, заедно со задолжителните придружни документи за правното лице.

Фаза 2. Доколку апликацијата биде избрана во фаза 1, апликантите продолжуваат со избор на уметници и културни професионалци кои ќе учествуваат во резиденцијата, по што го пополнуваат вториот и последен дел од апликацијата.

 

Кој може да аплицира?

На овој повик може да аплицираат правни лица кои:

  • се регистрирани и имаат седиште во една од земјите на програмата Креативна Европа, вклучително и прекуморските земји и територии и најоддалечените региони;
  • имаат капацитет да го реализираат предложениот резиденциски проект со уметници и културни професионалци од други земји на Креативна Европа;
  • без разлика дали се новоосновани или веќе етаблирани, мора да бидат активни во еден од прифатливите сектори: архитектура, културно наследство, дизајн и моден дизајн, литература, музика, изведувачки уметности и визуелни уметности.

 

Што нуди грантот за резиденција?

Овој грант обезбедува финансиска поддршка и за домаќинот и за секој учесник во резиденцијата.

 

За домаќинот

  • Дневен надомест: 50 евра на ден, по резидент.
  • Поддршка за пристапност (доколку е применливо): фиксен износ од 375 евра, 675 евра или 1 200 евра, во зависност од времетраењето на резиденцијата, за покривање дополнителни трошоци поврзани со потребите за пристапност на резидентот.

 

За секој резидент

  • Дневен надомест: 30 еврана ден, по резидент.
  • Патен надомест:
  • 400 евра – за патувања на растојание под 5 000 км;
  • 800 евра – за патувања на растојание од 5 000 км и повеќе.

Растојанието се пресметува автоматски во апликацискиот формулар, врз основа на воздушна линија во една насока.

  • Дополнителна финансиска поддршка (доколку е применливо):
  • Дополнителни износи (top-ups)
  • Зелен транспорт: 400 евра
  • Прекуморски земји и територии/најоддалечени региони: 175 евра
  • Семеен додаток: 200 евра по дете
  • Додаток за виза: 120 евра
  • Поддршка за пристапност
  • Фиксен износ од 375 евра, 675 евра или 1 200 евра, во зависност од времетраењето на проектот:
  • Финансиска поддршка за лична асистенција или толкување на знаковен јазик;
  • Можност за барање авионски превоз за растојанија под 600 км.

 

Што е потребно за аплицирање?

  • Концепт за резиденциски проект со учество на 1 – 5 резиденти, кој треба да следи најмалку две од следните цели: учење, создавање, истражување, поврзување или трансформација;
  • Капацитет за спроведување резиденцискиот проект и обезбедување соодветно сместување и работни простори;
  • Најмалку еден ментор кој ќе обезбедува уметничка поддршка и насоки за резидентите.

 

Придружни документи

  • Доказ дека апликантот има својство на правно лице;
  • Уметничко портфолио или промотивен извештај на апликантот;
  • Кратки биографии (CV) на менторите.

 

Доколку апликацијата биде избрана и продолжи во фаза 2, апликантите треба да достават инфо-картичка за резиденцијата со податоци за секој избран резидент, и тоа: официјален национален документ за идентификација, кратка биографија (CV), уметничко и креативно портфолио и доказ за легален престој.

 

Како да се аплицира?

  1. Креирање корисничка сметка

Креирајте сметка на „Goethe-Application Portal (GAP)“. Регистрирајте се како „Organisation/Enterprise“, потоа изберете „Culture Moves Europe funding“ и потоа „call for residency hosts“.

  1. Пополнување на апликацијата

Апликацискиот формулар се пополнува на англиски јазик. Не е потребно течно познавање на англискиот; дозволена е употреба на онлајн алатки за превод, а јазичните вештини не се оценуваат.

  1. Финализирање и поднесување

Апликацијата може да се уредува и да се зачува како нацрт сè додека не биде поднесена. Сите апликанти треба внимателно да го прочитаат документот на повикот пред поднесување на апликацијата.

 

Кога може да се аплицира?

Повикот е отворен од 15 декември 2025 до 16 март 2026 година.

Апликациите ќе бидат разгледани по истекот на рокот, а сите апликанти ќе ги добијат резултатите преку „Goethe-Application Portal“ најдоцна до 5 мај 2026 година.

Доколку апликацијата биде успешна, домаќините продолжуваат со фаза 2, во која ги избираат резидентите и ја доставуваат инфо-картичката за резиденцијата. Ова може да го направат во кое било време, во периодот од 5 мај до 30 септември 2026 година.

Најраниот можен почеток на резиденциски проект е 8 јуни 2026 година.

Повеќе информации за повикот и за документот на повикот може да најдете на следниов линк.