Европската комисија го објави повикот за акцијата „Циркулација на европските книжевни дела“ (CREA-CULT-2025-LIT), со краен рок за поднесување на предлог-проектите 11 фебруари 2025 година, до 17 часот (средноевропско време). За повикот се обезбедени 5 000 000 евра, а се очекува да бидат поддржани 40 проекти.
Поддршката е наменета за проекти што вклучуваат превод, објавување, дистрибуција и промоција на европски книжевни дела, белетристика. Предлог проектите треба да се усогласени со специфичните цели и прироитети на повикот, како и со општите приоритети инкропрорирани во актуелните политики на Европската Унија и тоа:
Специфини приоритети на повикот
- Јакнење на транснационалната циркулација и различноста на европските книжевни дела преку превод, објавување, дистрибуција и промоција на книжевните дела – белетристика кои се напишани на помалку користените јазици
- Промоција на читањето, јазичната и културната разноликост на европската литература пред широката публика.
- Промоција и зачување на професијата литературен преведувач, вклучувајќи ги принципите на наградување на добрите услови за работа и правичност (во оваа смисла, издавачите се охрабруваат да обезбедат видливост на преведувачите во објавените книги).
- Јакнење на конкурентноста на книжевниот сектор преку поттикнување на различна соработка во рамките на секторот (особено меѓу издавачите, книжарниците и библиотеките).
Општи приоритети
- Зелен план на ЕУ
- Дигитална транзиција
- Инклузија
- Родова еднаквост
- Меѓународна соработка
Дополнителни насоки
При подготовката на предлог проектите, апликантите се охрабруваат да обезбедат синергија со другите видови на поддшка на Програмата Креативна Европа – Потпрограма Култура кои се однесуваат на книгите и издавачкиот сектор и тоа:
- Денот на европските автори (промоција на читање и откривање на европската литература)
- Наградата за литература на Европската унија (промоција на европски автори во подем).
- Обезбедување литературни дела на украински јазик за украинските бегалци и раселените лица. (Квалификувано е печатење на украински (непреведени) украински литературни дела)
- Со цел да се поддржи книжевната преведувачка професија во согласност со принципите на добри работни услови и правично наградување, се препорачува помеѓу 20% и 30% од вкупниот буџет на проектот да се распредели за наградата на преведувачите и на преведувачите да им се даде признание и видливост со нивно именување, по можност на насловната страница.
- Со цел да се зачува јазичната разновидност, особено на помалку користените јазици, како и квалитетот на преводот и професијата литературен преведувач, издавачите треба да склучат договор со професионални книжевни преведувачи и да ги наведат во базата на податоци на Креативна Европа. При тоа издавачите треба да ги почитуваат националните стандарди и најдобрите практики.
Квалификувани активности
Секој проект треба да содржи најмалку пет квалификувани дела за кои се предвидени:
- Превод
- Објавување
- Промоција
- Дистрибуција на активности
- Активности кои се однесуваат на темите и приоритетите опишани погоре.
Квалификувани книжевни дела
- Белетристика (романи, раскази, театарски и радио драми,поезија, стрипови или литература за млади и деца)
- Веќе објавени дела
- Книжевни дела чии автори се граѓани/ жители на земјите кои учествуваат во програмата Креативна Европа или се дел од нивното книжевно наследство.
- Дела кои не се претходно преведени на целниот јазик освен ако за предложениот преводот на делото во проектот не постои јасно утврдената потреба.
Обем на активности
- Работните пакети на квалификуваните книжевни дела - белетристика кои ќе се преведуваат, објавуваат, дистрибуираат и промовираат треба да се базираат на солидна уредувачка стратегија за дистрибуција и промоција.
- Активности треба да ја олеснат на соработката помеѓу различни актери од кои зависи вредноста на книгата и нејзиното издавање и тоа: авторите, преведувачите, издавачите, дистрибутерите, продавачите на книги, библиотеките, литературните настани или фестивалите.
Предложените активности треба да се групираат, во делот Б, во кохерентни работни пакети. Секој работен пакет треба да содржи соодветна листа на активности, испораки, значајни настани/активности и ризици.
Времетраење на проектот
Проектите не треба да надминуваат период од 36 месеци.
Квалификувани апликанти
На овој повик може да аплицираат правни лица (приватни или јавни), кои делуваат во книжевниот и издавачкиот сектор и се регистрирани во земјите учеснички во програмата Креативна Европа.
Предлог-проектите може да бидат доставени од индивидуални апликанти, како и од конзорциум составен од најмалку две партнерски организации што не се поврзани субјекти. Подносителот на апликацијата мора да е регистриран и активен најмалку 2 години пред крајниот рок за поднесување на апликацијата.
Категории на проекти
- Мали – преводи на најмалку 5 различни наслови, грант од ЕУ до 100 000 евра (60 % од вкупниот буџет на проектот).
- Средни – преводи на најмалку 11 различни наслови, грант од ЕУ до 200 000 евра (60 % од вкупниот буџет на проектот).
- Големи – преводи на најмалку 21 различни наслови, грант од ЕУ до 300 000 евра (60 % од вкупниот буџет на проектот).
Финансиската поддршка на ЕУ се базира на паушал и не може да надмине повеќе од 60% од вкупниот буџет на проектот за секоја од наведените категории.
https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/docs/2021-2027/common/guidance/how-to-manage-your-lump-sum-grants_en.pdf
Вкупниот доделен грант по проект не може да надмине 200 000 евра за индивидуални апликанти, односно 300 000 евра за предлози доставени од конзорциуми.
Очекувани влијанија
Предлог-проектите мора да се базираат на добра уредувачка и промотивна стратегија која вклучува пакет од најмалку 5 наслови преведени од и на квалификуваните јазици и да ги содржи следниве елементи:
- придонес кон различноста на литературата во дадена земја (или земји) преку вклучување литературни дела од недоволно застапени земји, со посебен акцент на делата напишани на помалку употребувани јазици;
- придонес за подигнување на профилот на преведувачите и почитување на принципите на правичен надомест
- избран формат на книга и стратегија за дистрибуција која обезбедува широк и лесен пристап до европските литературни дела за пошироката јавност;
- стратегија за промоција која придонесува за проширување и развој и обновување на читателската публика;
- поттикнување на соработката меѓу автори, преведувачи, издавачи, дистрибутери, книжарници, библиотеки, фестивали, литературни настани и сл.;
- придонес за општите приоритети на Европската Унија.
Начин на подготовка и доставување на предлог-проектите/апликацијата
- Повикот може да го најдете тука
Предлог-проектите се подготвуваат во согласност со критериумите и условите наведени во документот за повикот: Call for proposals Circulation of European Literary Works (CREA- CULT-2025-LIT), Version 1.0, 10 October 2025 кој може да го најдете тука - Апликациите се обработуваат и се поднесуваат електронски преку Funding &Tenders Opportunity Portal (F&TP) :
Предлог проектите мора да ја содржат проектна документација поднесена на соодветните обрасци кои се наоѓаат во системот. Тие мора да бидат целосни и да ги содржат следните прилози и пропратни документи:
Дел А – административни податоци за апликантите и вкупен буџет – се пополнуваат електронски
Дел Б – технички опис на проектот – преземете го формуларот од системот, пополнете го и поставете го назад во системот (макс. 70 страници)
Дел Ц – дополнителни информации за проектот – се пополнуваат електронски
Детална буџетски формулар – се превзема од системот
Список на претходни проекти во кои учествувале апликантите - последна страница од образецот Дел Б
Датотека со информации за дела/преводи генерирани и преземени од базата на податоци на Креативна Европа
Информации за пристапување до F&TP може да најдете тука