Европскиот проект MOVIDA – Movement and Virtual Intelligence for the Development and Accessibility of Artists and Audiences отвори повик за избор на 16 мултидисциплинарни тимови од двајца професионалци
Во периодот од 2023 до 2026 година, тригодишниот проект LiveMX, поддржан од иницијативата Музиката ја движи Европа (Music Moves Europe) на Креативна Европа, воспостави програма за јакнење на капацитетите и преку системот на каскадни грантови (cascading grants) додели 4 милиони евра за 72 проекта, со цел да одговори на актуелните предизвици и потреби на европскиот музички сектор.
Програмата ќе се одржува од октомври 2026 до април 2027 година и комбинира работилници со физичко присуство и онлајн сесии, водени од меѓународни експерти. Дополнително, учесничките ќе имаат пристап до деловен коучинг и самостојно онлајн учење преку платформата eTraining.
По големата заинтересираност на јавноста, Европската комисија ја пушти во употреба новата јавна платформа со податоци (dashboard) за програмата „Креативна Европа“, која овозможува преглед на резултатите на програмата низ годините.
„Следење на соѕвездијата – Приказни за културата, соработката и влијанието низ проектите за соработка на Креативна Европа (2021 – 2024)“ е нова публикација на Извршната агенција за образование и култура во кој се опфатени 50 проекти
По објавувањето на повикот за поднесување предлог-проекти, со рок за аплицирање до 15 јануари 2026 година, избран е нов конзорциум што ќе ја спроведува следната фаза од програмата Изведбена Европа (Perform Europe) – иницијатива на Европската Унија која поддржува одржливи и инклузивни модели на гостувања и дистрибуција во областа на изведувачките уметности.
Во рамките на повикот за домаќини на резиденции на програмата Културата ја движи Европа (Culture Moves Europe) за периодот 2025 – 2026 година, што беше отворен од 15 декември 2025 до 16 март 2026 година, од вкупно 1 326 пристигнати пријави од 38 земји учеснички во програмата Креативна Европа, беа избрани 150 проекти за резиденции.
Европскиот парламент, Советот на Европската Унија и Европската комисија потпишаа заедничка декларација со која ја потврдуваат исклучително силната заедничка политичка заложба културата да биде поставена во срцето на стратешката агенда на Европската Унија.