Одржана панел-сесијата на тема „Финансирање, уметничка мобилност и европска соработка“

By vladimir , 29 Април, 2026
Одржана панел-сесијата на тема „Финансирање, уметничка мобилност и европска соработка“ ( Танц фест 2026, Stretch програма), 24 април 2026, Скопје

Во рамки на програмата Stretch (Танц Фест 2026), во организација на Интерарт од Скопје, на 24 април 2026 година во МКЦ се одржа панел-сесијата на тема „Финансирање, уметничка мобилност и европска соработка“.

На сесијата беа претставени: проектот „Балкан во движење“ (Moving Balkans), поддржан од Креативна Европа, неговите придобивки и предизвици, како и пошироките можности што програмата Креативна Европа ги нуди за поддршка, вмрежување и развој на проекти на регионално и европско ниво.

Дискусијата ги опфати актуелните предизвици со кои се соочуваат организациите, професионалците и уметниците – од пристап до ресурси, можности за мобилност, европска соработка и административни бариери, до променливите услови во поширокоит регионален и европски контекст. Посебен акцент беше ставен на значењето на градење силни партнерства меѓу организациите, како и на потребата од долгорочна одржливост на проектите, надвор од рамките на поединечни европски проекти.

Панелот понуди корисни увиди и практични насоки за развој на европска соработка, охрабрувајќи поинклузивен и стратешки пристап кон градење културни и професионални мрежи и иницијативи.

Повеќе информации тука 

https://interart.com.mk/mk/tanc-fest/programa-2026/#profesionalna-programa

https://diagonaldance.com/stretch/programme/

Повеќе информации за проектот „Балкан во движење“ (Moving Balkans) тука: https://www.movingbalkans.eu/