Во рамки на програмата Stretch (Танц Фест 2026), во организација на Интерарт од Скопје, на 24 април 2026 година во МКЦ се одржа панел-сесијата на тема „Финансирање, уметничка мобилност и европска соработка“.
На сесијата беа претставени: проектот „Балкан во движење“ (Moving Balkans), поддржан од Креативна Европа, неговите придобивки и предизвици, како и пошироките можности што програмата Креативна Европа ги нуди за поддршка, вмрежување и развој на проекти на регионално и европско ниво.
Дискусијата ги опфати актуелните предизвици со кои се соочуваат организациите, професионалците и уметниците – од пристап до ресурси, можности за мобилност, европска соработка и административни бариери, до променливите услови во поширокоит регионален и европски контекст. Посебен акцент беше ставен на значењето на градење силни партнерства меѓу организациите, како и на потребата од долгорочна одржливост на проектите, надвор од рамките на поединечни европски проекти.
Панелот понуди корисни увиди и практични насоки за развој на европска соработка, охрабрувајќи поинклузивен и стратешки пристап кон градење културни и професионални мрежи и иницијативи.
Повеќе информации тука
https://interart.com.mk/mk/tanc-fest/programa-2026/#profesionalna-programa
https://diagonaldance.com/stretch/programme/
Повеќе информации за проектот „Балкан во движење“ (Moving Balkans) тука: https://www.movingbalkans.eu/