Програмата Креативна Европа 2021-2027 претставува континуирана посветеност на Европската Унија за поддршка и поттикнување на културните и креативните сектори низ Европа
EIT Culture & Creativity Digital Hub е европска онлајн платформа наменета за поврзување на професионалци, организации и институции од културните и креативните сектори и индустрии.
Платформата создава простор за вмрежување, размена на знаење и искуства, развивање контакти и воспоставување нови партнерства со организации и професионалци од различни делови на Европа.
Проектот АРТЕМИС (ARTEMIS), поддржан од програмата „Креативна Европа“ обединува 10 меѓународни организации од музичкиот сектор. Неговата цел е да ја зачува, пренесува и промовира практиката за свирење на инструменти од минатото, истовремено поддржувајќи ги младите уметници од Европа и од соседните земји во развојот на нивните европски и меѓународни кариери.
Програмата „Креативна Европа“ обезбедува поддршка за проекти што поттикнуваат иновации и соработка меѓу аудиовизуелниот сектор и најмалку уште еден од следните сектори: музика, книги или музеи. Индикативниот буџет наменет за овој повик изнесува повеќе од 7 милиони евра.