Kultura
Култура
Иницијативи на културниот сектор за промоција на прекугранична соработка
MEDIA
МЕДИА
Иницијативи за аудиовизуелниот сектор за промоција на развој, дистрибуција и пристап до аудиовизуелни дела
Ndërsektorial
Меѓусекторска
Иницијативи за промовирање на иновативни активности и соработка помеѓу аудиовизуелниот и културниот сектор
Креативна Европа
Програмата Креативна Европа 2021-2027 претставува континуирана посветеност на Европската Унија за поддршка и поттикнување на културните и креативните сектори низ Европа

Новости и настани

By lidija , 7 Август, 2026
Креативна европа
Отворен е повикот за приклучување кон идната Европска мрежа на кафе-куќи (Network of European Café Houses), иницијатива што се реализира во рамките на проектот „CAFE – Redefining Café Houses as Unique European Cultural Heritage“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“.
By lidija , 7 Август, 2026
МЕДИА
Отворени е повикот за „Berlinale Talents 2027“, меѓународна програма за развој на филмски таленти, што ќе се одржи од 12 до 17 февруари 2027 година во Берлин, во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин (Berlinale). Програмата секоја година собира околу 200 млади филмски автори и професионалци од целиот свет, обезбедувајќи простор за професионално усовршување, размена на искуства и создавање нови меѓународни контакти.
By lidija , 7 Август, 2026
МЕДИА

Отворен е повикот за учество во „EAVE Producers Workshop 2027“, едногодишна европска програма за професионален развој на продуценти од областа на и

By lidija , 7 Август, 2026
МЕДИА
Отворен е повикот за учество во „FRAME Basics 2026“, меѓународна програма за обука посветена на основите на управувањето, зачувувањето и дигитализацијата на аудиовизуелни архиви. Програмата „FRAME“, која од 2010 година ја организира INA (Institut national de l'audiovisuel) во партнерство со FIAT/IFTA и EBU Academy, е кофинансирана од програмата „Креативна Европа – МЕДИА“ на Европската Унија.
By lidija , 5 Август, 2026
МЕДИА
Институтот „Ерих Помер“ (Erich Pommer Institut – EPI), со поддршка од програмата „Креативна Европа – МЕДИА“, нуди серија онлајн обуки (eTrainings) наменети за професионалци од филмскиот и аудиовизуелниот сектор. Обуките се одвиваат онлајн на англиски јазик и овозможуваат флексибилно учење со пристап до материјалите во подолг временски период.
By lidija , 5 Август, 2026
МЕДИА
Отворен е повикот за учество на „Green Film Lab – Rome 2026“, професионална работилница за филмски и телевизиски професионалци посветена на примена на одржлива практика во аудиовизуелната продукција. Програмата е дел од „TorinoFilmLab“ (TFL) и се реализира со поддршка од „Креативна Европа – МЕДИА“, во организација на „Museo Nazionale del Cinema“ и „Trentino Film Commission“, во соработка со „Green Film“, „ACE Producers“, EAVE и „Ecoprod“.
By lidija , 30 Јули, 2026
МЕДИА
Отворен е повикот за „Hands-on AI Producers Lab“, практична дводневна работилница наменета за аудиовизуелни продуценти кои сакаат да ги истражат можностите за примена на вештачката интелигенција (AI) во развојот и продукцијата на аудиовизуелни проекти.
By lidija , 30 Јули, 2026
МЕДИА
Во тек е повикот на „Еуропа Синемас“ (Europa Cinemas) за поднесување апликации за нови киносали заинтересирани да се приклучат кон мрежата. На повикот може да аплицираат кина од земји учеснички во потпрограмата „МЕДИА“ на Креативна Европа, доколку нивната програмска политика ги исполнува целите и критериумите утврдени со правилата на мрежата.
By lidija , 30 Јули, 2026
Култура
Во тек е повикот за пријавување за Европските награди за културно наследство/Europa Nostra Awards 2027, едно од најзначајните европски признанија за извонредни достигнувања во областа на заштитата, зачувувањето и промоцијата на културното наследство.