Комисијата усвојува нов „Културен компас за Европа“

By vladimir , 28 Ноември, 2025
Комисијата го претстави новиот стратегиски документ „Културен компас за Европа“, со кој се поставува сеопфатна визија за иднината на културата во ЕУ.

Комисијата го претстави новиот стратегиски документ „Културен компас за Европа“, со кој се поставува сеопфатна визија за иднината на културата во ЕУ. Со оваа стратегија, Европската комисија го препознава и сака целосно да го искористи потенцијалот на културата за Европа, истовремено одговарајќи на предизвиците со кои се соочуваат културните и креативните сектори.

Стратегијата укажува дека за да се искористи целиот потенцијал на културата, неопходно е да се адресираат најитните проблеми што ги засегаат овие сектори, како што се:
•    заканите за уметничка слобода;
•    несигурните услови за работа на уметниците;
•    нееднаквиот пристап до култура;
•    влијанието на вештачката интелигенција.

За да се справи со овие предизвици, „Културен компас за Европа“ поставува четири клучни насоки за политиките на ЕУ:
•    зачувување и јакнење на европските вредности и културните права;
•    овластување на уметниците и на културните професионалци и поддршка за граѓаните;
•    користење на културата и културното наследство за поголема конкурентност, отпорност и кохезија;
•    промовирање на меѓународни културни односи и партнерства.

Во рамките на оваа иницијатива, Комисијата предложи заедничка декларација која треба да биде разгледана и потпишана од Европскиот парламент и од Советот, со цел да се зајакне политичката посветеност кон визијата за културата како интегрален дел од идентитетот и развојот на ЕУ.

Исто така, стратегискиот документ предлага клучни мерки заради остварување на дефинираните цели, и тоа:
•    ЕУ-повелба за уметници; 
•    нов ЕУ-центар за културни податоци;
•    нов ЕУ-извештај за состојбата на културата;
•    стратегија за вештачка интелигенција применлива во културните и креативните сектори.

Повеќе информации за „Културен компас за Европа“ може да најдете тука.