Со буџет од 380 милиони евра, Креативна Европа во 2026 година ќе обезбеди континуитет на своите активности, притоа овозможувајќи соодветна и релевантна поддршка за културниот и креативниот сектор.
Креативна Европа ќе придонесе за заштитата на демократијата, за зелената и дигиталната транзиција, како и за зајакнувањето на социјалната и економската отпорност.
Нејзините општи цели и понатаму остануваат насочени кон зачувување на културната разновидност и зајакнување на конкурентноста на културниот и креативниот сектор.
Приоритети во 2026 година
Приоритетите на новиот Колегиум на комесари предвидуваат значајна улога на „Култура“ и „МЕДИА“. Овие приоритети вклучуваат заштита на демократијата, зајакнување на општествената отпорност, унапредување на основните општествени вредности и обезбедување на владеењето на правото.
Креативна Европа ќе продолжи да придонесува кон главните приоритети на ЕУ за поддршка на:
- зелените иницијативи;
 - дигиталната транзиција на културниот и креативниот сектор;
 - инклузијата и практиките за родова еднаквост;
 - улогата на културата во меѓународните односи на ЕУ.
 
Финансирањето се обезбедува преку три потпрограми.
Потпрограма „Култура“
Повикот за европски проекти за соработка, со буџет од 60 милиони евра, ќе биде објавен во првиот квартал од 2026 година и ќе биде отворен за проекти за соработка од мал обем и проекти за соработка од среден обем. Повикот за циркулација на европски книжевни дела ќе биде објавен во есен 2025 година.
Ќе се воведат 3 нови повици за:
- третото издание на Perform Europe (Изведбена Европа) за периодот 2026 – 2027 година;
 - спроведувањето на Европската ознака за културно наследство до 2029 година;
 - нова акција базирана на моделот на Европските културни простори.
 
Ќе продолжи поддршката за културните награди, мрежи, платформи, Паневропски културни ентитети и за моделот за мобилност на Креативна Европа, Culture Moves Europe (Културата ја движи Европа).
Потпрограма „МЕДИА“
Неколку акции за финансирање се усогласени врз основа на стекнатото искуство од имплементацијата и како одговор на актуелните пазарни трендови.
Поддршка на висококвалитетна содржина
- Европски развој на Слејт (Slate) проекти;
 - Европски развој на Мини-слејт (Mini-Slate) проекти;
 - Европски коразвој за соработка;
 - Развој на видеоигри и имерзивна содржина.
 
Поддршка за бизнис-соработка
 
- Дистрибуција на европски филмови;
 - Продажба на европски филмов;
 - Иновативни алатки и бизнис-модели;
 - МЕДИА-штанд.
 
Поддршка за зголемување на досегот до поширока публика
- Мрежа на европски киносали;
 - Филмови во движење;
 - Мрежи на европски фестивали;
 - VOD-мрежи и оператори;
 - Титлување на културна содржина.
 
Преостанатите активности остануваат непроменети.
Бизнис-група
- Талент и вештини;
 - Пазари и вмрежување.
 
Поддршка за политики
- Законодавна рамка на ЕУ за медиумска слобода (EMFA);
 - Членство и соработка со Европската аудиовизуелна опсерваторија (EAO);
 - Комуникација и ангажирање;
 - Зголемување на досегот до поширока публика и кампањи за подигнување на свеста;
 - МЕДИА – Калкулатор за јаглероден отпечаток;
 - MediaInvest (Медиаинвест) програма за инвестирање во аудиовизуелната индустрија.
 
Меѓусекторска потпрограма
Усогласени активности
- Лаборатории за креативни иновации;
 - Медиумска писменост.
 
Непроменети акции
- Партнерства за новинарство;
 - Мониторинг за медиумски плурализам;
 - Европски совет за медиумски услуги.
 
Најди информации за можности за финансирање!
Потенцијалните апликанти треба редовно да ги посетуваат:
- веб-страницата на Европската агенција за образование и култура (European Education and Culture Executive Agency’s website);
 - Водичот за финансирање CulturEU (CulturEU Funding Guide)
 - Обединети креативци за можности за финансирање (Creatives Unite on funding opportunities)
 - за да добијат повеќе информации за можности за финансирање од ЕУ.
 
Годишни работни програми
Годишна работна програма за 2026 година за спроведување на програмата Креативна Европа /Англиски | PDF