Презентација на новинарски идеи за повикот за „Новинарски партнерства 2026“

By vladimir , 8 Декември, 2025
Датум: 11 декември 2025 година; Време: 14:00 – 15:30 ч.

Онлајн настан на тема:

Презентација на новинарски идеи за повикот за „Новинарски партнерства 2026“

 

Датум: 11 декември 2025 година

Време: 14:00 – 15:30 ч. (по средноевропско време)

 

Канцелариите на Креативна Европа од тринаесет земји ве покануваат на онлајн настан на кој ќе бидат презентирани новинарски идеи, со цел заинтересираните медиумски организации и други релевантни чинители да пронајдат партнери и да се вклучат во проектни предлози за претстојниот повик за „Новинарски партнерства 2026“ (со краен рок за аплицирање: 4 февруари 2026 година).

Целта на овој повик е да се поттикне соработка и иновативни активности што ги поддржуваат разновидноста, независноста и плурализмот на медиумскиот простор, како и медиумската писменост, со истовремено јакнење на слободата на уметничкото изразување, меѓукултурниот дијалог и општествената инклузија. Приоритет е поддршката на активности што им помагаат на медиумите да се приспособат на структурните и технолошките промени, особено во дигиталната средина.

Повикот опфаќа две теми: 

(1) Новинарски партнерства – соработка и 

(2) Новинарски партнерства – плурализам

 

Пријави го своето учество на настанот:

За да учествувате, регистрирајте се најдоцна до 10 декември 2025 година, 18:00 часот, преку следниот линк:

https://europacriativa-eu.zoom.us/webinar/register/WN_UXTZtDMSS0OXisksAhJTHw#/registration

Сите пријавени учесници ќе добијат Zoom-линк еден ден пред настанот.

Настанот ќе биде снимен, а работниот јазик е англиски.

 

Програма на настанот

Прв дел: Презентација на проектни идеи (Pitching)

•    Секоја презентација ќе трае до 5 минути

•    Потоа следуваат 2 – 3 минути за прашања и одговори

 

Втор дел: Вмрежување (Networking)

•    Учесниците ќе можат да се поврзат со организациите кои ги презентираат своите идеи преку виртуелни соби

•    Овој дел ќе овозможи размена на искуства, идеи и воспоставување потенцијални партнерства