„Културата ја движи Европа“ вебинар и настан за поврзување на партнери

By vladimir , 13 Февруари, 2026
„Културата ја движи Европа“ вебинар и настан за поврзување на партнери
Барате меѓународни партнери? Планирате уметничка мобилност или проект за резиденција?

Барате меѓународни партнери? Планирате уметничка мобилност или проект за резиденција? Канцелариите на Креативна Европа од балканскиот регион ги покануваат организациите од културниoт и креативниoт сектор и индивидуалните уметници да учествуваат на онлајн вебинарот и настанot посветен на можностите што ги нуди Културата ја движи Европа (Culture Moves Europe).

 

Датум: 20 февруари 2026

Време: 11:00 часот (CET)

Платформа: Zoom (настанот ќе се одржи на англиски јазик)

 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ НАСТАНОТ?

  • Организации домаќини на резиденции: Oрганизации од културните и креативните сектори заинтересирани да бидат домаќини на уметници преку повикот Културата ја движи Европа – Домаќини на резиденции.

  • Индивидуални уметници: Уметници и културни професионалци заинтересирани да аплицираат на повикот Културата ја движи Европа – Индивидуална мобилност .

 

КАКО МОЖЕТЕ ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

  • Како презентери (Pitchers) – Организациите од Балканот кои развиваат проекти во рамките на повиците Culture Moves Europe – Residency можат да аплицираат за презентација на своите идеи.
    (Рок за пријавување: 18 февруари 2026, 17:00 часот CET) – Линк до формуларот за регистрација

  • Како учесници-набљудувачи (Observers) – Отворено за учесници од сите земји членки на Креативна Европа кои сакаат да присуствуваат и да се поврзат со потенцијални партнери од балканскиот регион.
    (Рок за регистрација: 19 февруари 2026, 17:00 часот CET) – Линк до формуларот за регистрација.

 

ШТО МОЖЕТЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ?

  • Кратка воведна сесија: преглед на Програмата Креативна Европа и објаснување на структурата на вебинарот.

  • Информативна сесија од експертскиот тим на Гете институтот.

  • Презентација на Повикот за индивидуална мобилност.

  • Презентација на Повикот домаќини на резиденции 

  • Поврзување со партнери и вмрежување: Посебни  соби за групна дискусија организирани oд домаќини на резиденции, кои ќе им овозможат на индивидуалните уметници да се запознаат со контекстот на резиденциите, да постават практични прашања и директно да се поврзат со потенцијални домаќини.

 

РЕГИСТРАЦИЈА И УЧЕСТВО

Потребна е претходна регистрација.

  • За организации домаќини: рок за регистрација – 18 февруари 2026, 17:00 часот CET

  • Индивидуални уметници: рок за регистрација – 19 февруари 2026, 17:00 часот CET. Линкот ќе биде испратен истиот ден.

 

Избраните презентери ќе бидат известени до 18.02.2026, а набљудувачите ќе го добијат Zoom линкот пред одржувањето на настанот.

За повеќе информации, контактирајте ја вашата локална канцеларија на Креативна Европа.

Да изградиме нови балкански партнерства за културна соработка низ Европа!

#CreativeEurope #BalkanMatchmaking #CulturalCooperation #CultureMovesEurope 

 

Настанот е организиран од Канцелариите на Креативна Европа од Бугарија, Србија, Ерменија, Северна Македонија, Романија, Грција, Хрватска и Црна Гора.