Онлајн информативна сесија: Повик за предлог-проекти „Циркулација на европски книжевни дела“ (CREA-CULT-2026-LIT)

By alfa4 , 14 Ноември, 2025
Онлајн инфосесија за претставување на отворениот повик за предлог-проекти CREA-CULT-2026-LIT, во рамките на програмата „Креативна Европа 2026“
Повик за предлог-проекти „Циркулација на европски книжевни дела“ (CREA-CULT-2026-LIT)

На 26 ноември 2025 година, од 09:45 до 12:00 часот (по средноевропско време), Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA) организира онлајн инфосесија за претставување на отворениот повик за предлог-проекти „Циркулација на европски книжевни дела“ (CREA-CULT-2026-LIT) во рамките на програмата „Креативна Европа 2026“.

Сесијата е отворена за сите заинтересирани и ќе опфати важни аспекти од повикот, вклучувајќи како да се аплицира, критериуми за квалификуваност и видови проекти што може да добијат поддршка.

Сесијата ќе се одржи на англиски јазик и нема да биде снимена, поради што препорачуваме да бидете присутни од самиот почеток за да не пропуштите важни информации. 

Не е потребна претходна регистрација, доволно е само да се приклучите. Затоа ве охрабруваме да присуствувате и да ја пренесете информацијата до сите што би можеле да бидат заинтересирани.

Повеќе за информативната сесија може да најдете на следниов линк