Европски мрежи
Овој дел од финансирањето служи за поддршка на европските мрежи чија цел е да поттикнат активности кои го олеснуваат професионалниот развој на оние што работат во рамките на културниот сектор преку вмрежување, размени и сл. Целта е да се постигне структурален ефект врз секторот преку поддршка на ограничен број мрежи.
Во рамките на оваа акција може да аплицираат координативните субјекти кои имаат минимум 15-членски организации во најмалку 10 земји учеснички. Апликантите можат да поднесат барање за средства до 250 000 евра годишно, што треба да претставува најмногу 80% од прифатливите трошоци.
Преостанатите 20% од тие трошоци треба да се обезбедат од други извори.
Главните цели на „Европските мрежи” се кофинансирање активности насочени кон:
- зајакнување на капацитетот на културните и на креативните сектори да функционираат транснационално и да се приспособат на промените;
- поттикнување и унапредување на културната и на јазичната разновидност и јакнење на конкурентноста на секторите, исто така, преку промовирање на иновациите.
Повиците за апликации за оваа категорија се затворени до 2020 година.