Во текот на јули ќе се одржат инфо сесии за потпрограмите Култура и МЕДИА на Креативна Европа во Куманово, Битола, Тетово, Струмица и Охрид.
Распоред на настани:
- 11 јули 2018, Занатски дом,
Куманово – 11.00 часот - 12 јули 2018, НУ Завод и
музеј Битола, Битола – 12.00 часот - 13 јули 2018, Општинска сала
Тетово – 13.30 часот - 16 јули 2018, Дом на АРМ,
Струмица – 20.00 часот - 20 јули 2018 Општинска сала, Охрид – 11.00 часот „Инфо сесија за Креативна Европа – Потпрограма Култура, Категорија: Проекти за соработка“
- 20 јули 2018, Филмска Aкадемија, Охрид – 13.00 часот „Важност на регионалната соработка и копродукции во контекст на земји со низок продукциски капацитет и примери на упешни МЕДИА проекти од регионот“ во соработка со Канцелариите на Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. Настанот се организира во рамките на првото издание на Beach Film Festival.
- 21 јули 2018, Филмска Aкадемија, Охрид – 12.00 часот „Индивидуални консултации за претставници на македонскиот аудиовизуелен сектор“ со Канцелариите на Креативна Европа МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. Закажување на mail: vladimir.stojcevski@ced.mk