Канцеларија на Креативна Европа потпрограма Култура
Канцелариите на „Креативна Европа“ (Creative Europe Desks) го администрираат спроведувањето на програмата во земјите квалификувани за учество во неа. Нивната улога е да ја промовираат програмата на национално, регионално и на европско ниво.
Координативно тело за спроведување на програмата „Креативнa Европа (Култура и МЕДИА)“ во Република Македонија е Министерството за култура.
Одделението за „Креативна Европа – потпрограма Култура“ при Секторот за европски интеграции и креативни индустрии е одговорно за спроведување на оваа потпрограма.
Канцеларијата за „Креативна Европа – потпрограма Култура“ има цел да го олесни пристапот до потпрограмата Култура на што поголем број професионалци и оператори од областа на културниот и на креативниот сектор.
Врз основа на Договорот меѓу Министерството за култура и Агенцијата за филм, по вклучувањето на нашата земја во потпрограмта „МЕДИА“, во Агенцијата за филм е формирана Канцеларија за „Креативна Европа – потпрограма МЕДИА“.
Канцеларијата за „Креативна Европа“ (потпрограми „Култура“ и „МЕДИА“) е кофинансирана од: Европската комисија, Министерството за култура (потпрограма Култура) и Агенцијата за филм (потпрограма МЕДИА).
Наши задачи и активности
Канцеларијата за „Креативна Европа – Одделение за потпрограма Култура“ обезбедува практични информации, совети, техничка помош и друг вид поддршка за потенцијалните апликации во процесот на подготовка на проект за потпрограмата „Култура“ во периодот 2014 – 2020 година.
Поддршката ја обезбедуваме преку:
- организирање инфоденови, работилници, семинари и други видови настани кои се однесуваат на генерални или конкретни аспекти од потпрограмата „Култура“;
- промоција на успешните проекти кофинансирани од потпрограмата „Култура“;
- техничка помош за подготовка на апликациите за проекти;
- посредување во процесот на барање партнери и вмрежување со организации од Европа и пошироко со цел креирање копродукциски проекти со европска димензија;
- медиумска и друг вид промоција на успешните проекти од потпрограмата.