Иновативни алатки и бизнис-модели – CREA-MEDIA-2026 – INNOVBUSMOD

By vladimir , 7 Ноември, 2025
Поттикнување на развојот и/или ширењето на иновативни алатки и бизнис-модели за подобрување на видливоста, достапноста, потенцијалот на публиката и разновидноста на европските А/В дела.

Акцијата за иновативни алатки и бизнис-модели има цел да го поттикне развојот и/или ширењето на иновативни алатки и бизнис-модели за подобрување на видливоста, достапноста, потенцијалот на публиката и разновидноста на европските дела во дигиталната ера и/или конкурентноста и/или процесот на „озеленување“ на европската аудиовизуелна индустрија.

Очекувани резултати

•    Подобрување на конкурентноста на европската аудиовизуелна индустрија и искористување на придобивките од технолошките иновации и бизнис-моделите.
•    Подобрување на адаптацијата на европската аудиовизуелна индустрија кон можностите што ги нуди вештачката интелигенција и развојот на виртуелни светови (наречени „метаверс(и)“).
•    Подобрување на процесот на „озеленување“ на европската аудиовизуелна индустрија.
•    Подобрување на производството и на циркулацијата на европски аудиовизуелни дела во дигиталната ера.
•    Зголемување на бројот и на разновидноста на европски дела достапни онлајн и зголемување на нивната видливост со цел да им се овозможи да стигнат до поширока публика.

 

Опис на активностите што ќе се финансираат

Проектите може да вклучуваат:

•    Алатки за титлување или пристапност/откриеност/препорака што ќе се користат широко преку границите и низ платформите со цел да се подобрат видливоста, достапноста и потенцијалот на публиката на европските аудиовизуелни дела;
•    Деловни алатки што ја подобруваат ефикасноста и транспарентноста на аудиовизуелните пазари: автоматизиран систем за управување со права, технологија за собирање и анализа на податоци;
•    Бизнис-модели што се стремат да ги оптимизираат синергијата и комплементарноста на платформите за дистрибуција (фестивали, кина, VOD (видео на барање)…);
•    Бизнис-алатки кои истражуваат нови начини на производство, финансирање, дистрибуција или промоција овозможени или подобрени со нова технологија (ВИ, големи податоци, блокчејн, виртуелни светови/метаверс, НФТ итн.);
•    Иновативни алатки и бизнис-модели кои го подобруваат процесот на „озеленување“ на аудиовизуелната индустрија.
Акцијата не опфаќа развој на хардвер (на пр. камери, виртуелни слушалки...).
Апликациите треба да презентираат соодветни стратегии за да се обезбеди поодржлива и поеколошка индустрија и да се обезбеди родова рамнотежа, вклученост, разновидност и репрезентативност.
Транспарентноста игра клучна улога во акцијата. Затоа апликациите треба да содржат планови за објавување на влезните податоци и на резултатите од акцијата, вклучително и соопштување на резултатите до јавните власти, земјите членки и аудиовизуелната индустрија.
Посебен акцент ќе се стави и на привлекување приватни инвестиции и на сопствени вложувања. Ќе се оценува способноста на проектот да аплицира за солидно и разумно ниво на јавно финансирање од  ЕУ под максималните 80 %.


Линк до повикот

Водич за аплицирање