Целта на поддршката за развој на видеоигри и имерзивна содржина е да се зголеми капацитетот на европските производители на видеоигри, XR-студијата и компаниите за аудиовизуелна продукција за развој на видеоигри и интерактивни имерзивни искуства со потенцијал да допрат до публика на глобално ниво. Поддршката, исто така, има цел да ја подобри конкурентноста на европската индустрија за видеоигри и на други компании што произведуваат интерактивна имерзивна содржина на европските и на меѓународните пазари преку овозможување на задржување на интелектуалната сопственост од страна на европските компании.
Очекувани резултати
• Зголемен квалитет, привлечност, изводливост и прекуграничен потенцијал за избраните проекти.
• Посилна позиција на европскиот и на меѓународниот пазар за креатори на видеоигри и компании што произведуваат интерактивни имерзивни искуства.
Опис на активностите што ќе се финансираат
Ќе се даде поддршка за развој на дела и прототипови на интерактивно раскажување приказни со оригинална содржина и/или квалитетен „гејмплеј“ наменет за производство и глобална комерцијална експлоатација преку персонални компјутери, конзоли, мобилни уреди, таблети, паметни телефони и други технологии.
Цел
Целта е да се обезбедат средства за компаниите за производство на видеоигри и други компании што произведуваат имерзивна содржина за да развијат дела со високо ниво на оригиналност и иновативна и креативна вредност, и кои имаат високо ниво на комерцијална амбиција и широк прекуграничен потенцијал да стигнат до европските и до меѓународните пазари. Ова ќе овозможи понатамошни инвестиции во имерзивна европска содржина и ќе ја зголеми конкурентноста на европските компании на дигиталниот глобален пазар.
Апликациите треба да презентираат соодветни стратегии за да се обезбеди поодржлива и поеколошка индустрија и да се обезбеди родова рамнотежа, вклученост, разновидност и репрезентативност.