Повик за доставување на предлог проекти за Медиумска писменост - NEWS – Media Literacy (CREA-CROSS-2025-MEDIALITERACY)

By alfa4 , 25 Септември, 2025
Отворен е Повикот за доставување на предлог проекти за Медиумска писменост - NEWS – Media Literacy (CREA-CROSS-2025-MEDIALITERACY) за 2025 година со краен рок за поднесување на предлог проектите, 6 март 2025 година до 17.00 CET( средноевропско време)
Повик за доставување на предлог проекти за Медиумска писменост - NEWS – Media Literacy

Во дигиталниот медиумски пејсаж кој брзо се развива, Европската Комисија продолжува да инвестира во креирање на иновативни решенија за подобрување на вештините за медиумската писменост на сите европски граѓани, поддршка на ефективна прекугранична соработка и ограничување на штетното влијание на дезинформациите.

Тековниот повик  е објавен во рамките на Меѓусекторската потпрограма на Креативна Европа. Буџетот наменет за овој повик за 2025 година изнесува 2. 570 000 евра. Европската Унија финансира 70 % од вкупниот буџет на проектот односно грантот не може да биде поголема од 500.000 евра за еден проект.  Оттука, апликантите треба да ги кофинансираат своите проекти и од други извори.

Цели

Целта на повикот е да се поддржат проекти кои промовираат медиумска писменост со цел граѓаните да развијат критичко разбирање за медиумите, особено во дигиталната средина. Акцентот е ставен на поттикнување на иновативни иницијативи и заедници кои се прилагодуваат на промените во медиумската средина

Во рамките на овој повик ќе се финансираат следните активности:

  • Креирање и дистрибуција на мултикултурна и повеќејазична содржина која ги подобрува дигиталните вештини на граѓаните и отпорноста на дезинформации.
  • Развој на иновативни решенија за медиумска писменост прилагодени на идното медиумско опкружување.
  • Обуки и работилници за граѓани и едукатори, вклучително и споделување на најдобрите практики помеѓу различни региони во Европа.
  • Организирање на јавни настани и работилници за подигање на свеста за медиумската писменост.

Приоритети

  • Споделување на најдобрите практики во областа на медиумската писменост преку проекти кои ги преминуваат културните, јазичните и националните граници.
  • Развој на интерактивни онлајн алатки за борба против дезинформациите.
  • Создавање едукативни материјали и алатки за граѓаните со цел развивање критички пристап кон медиумите.
  • Развој на практики за медиумска писменост прилагодени на новите предизвици, вклучително и манипулативни техники и AI производство на медиуми.

Квалификувани апликанти

Квалификувани апликанти за овој повик се конзорциуми составени од најмалку 3 правни субјекти од минимум 3 различни земји кои учествуваат во Програмата Креативна Европа. Конзорциуми може да вклучуваат:

  • профитни и непрофитни организации (приватни или јавни);
  • јавните власти (национални, регионални, локални);
  • меѓународни организации;
  • универзитети и образовни институции;
  • медиумски организации;
  • истражувачки и технолошки институции;
  • сервиси за технолошки услуги.

Очекувани резултати

  • Формирање на Пан-европски конзорциуми кои ќе ги развиваат најдобрите практики преку националните, културните и јазичните граници и ќе унапредуваат алатки и активности за медиумска писменост за да се обезбеди трансфер на таквите практики до најшироката можна публика, покривајќи различни видови медиуми;
  • Организирање на Форуми за размена на најдобри практики кои се ангажирани околу одредени возрасни групи, групи со ограничени вештини или пристап за медиумска писменост, или оние кои се изложени на ризик од социјално исклучување;
  • Поддршка на професионалците за медиумска писменост во насока на приспособување на своите практики со медиумските формати кои брзо се развиваат, како и со промените на моделите со кои се соочува медиумската потрошувачка.

Проектите треба да обезбедат активно вклучување на граѓаните и поттикнување на партиципативна култура. Се препорачува и соработка со Европската опсерваторија за дигитални медиуми (ЕDМО) за да се избегне преклопување на иницијативите и да се промовира размената на добри практики.

Времетраење на проектите: до 24 месеци 

Начин на подготовка и поднесување на предлог-проектите/апликацијата

  • Предлог-проектите се подготвуваат во согласност со критериумите и условите наведени во документот за повикот: NEWS – Media Literacy (CREA-CROSS-2025-MEDIALITERACY), Version 1.0, 22 October.  
    Линкови до повикот и документот на повикот може да најдете тука и тука
  • Апликациите се обработуваат и се поднесуваат електронски преку Funding &Tenders Opportunity Portal (F&TP)
    Информации за пристапување до F&TP може да најдете на: тука

 

Повеќе информации за повикот може да добиете на он-лајн сесија во организација на Европската Комисија, а која ќе се одржи на  14 ноември 2024 година од 10:30 – 14:00 часот. 

За учество на он-лајн сесијата може да се пријавите на следниов линк: Creative Europe-MEDIA and Cross sectoral 2025