Повик за предлози за поддршка на механизмот за брз одговор на прашањето за слободата на медиумите 2025 година (CREA-CROSS-2025-MFP)

By alfa4 , 9 Јуни, 2024
Отворен е Повикот за предлози за поддршка на механизмот за брз одговор на прашањето за слободата на медиумите 2025 година (CREA-CROSS-2025-MFP) со краен рок за поднесување на предлог проектите, 15 јануари 2025 година во 17:00 часот (средноевропско време)
Повик  за предлози за поддршка на механизмот за брз одговор

Целта на повикот е да се промовира независноста и плуралистизмот во медиумска средина со помош на независен механизам за брз одговор на ниво на ЕУ, а кој ќе овозможи следење и поддршка на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите.

За овој повик обезбедени се средства во вкупен износ од 3.000.000 евра, а кофинансирањето, односно грантот од ЕУ изнесува до 90% од вкупниот квалификуван буџет на проектот.

Цели на повикот

Со овој механизам ќе се следат прекршувањата на слободата на печатот и медиумите во ЕУ, земјите учеснички во програмата „Креативна Европа“ и земјите со кандидатски статус. Поддршката ќе овозможи практична помош за заштита на загрозените новинари, вклучувајќи конкретни алатки како што се советувања и правна поддршка, како и обезбедување засолниште и логистичка помош за да им се овозможи на новинарите да продолжат со нивните професионални активности.

Повикот за предлози е отворен за конзорциуми кои се состојат од најмалку два правни субјекти од најмалку две квалификувани земји.

Квалификувани апликанти

  • непрофитна организација (приватна или јавна);
  • меѓународни организации;
  • универзитети;
  • образовни институции;
  • истражувачки центри.

Квалификувани активности

  • Дизајн и управување со механизам за брз одговор ширум Европа за поддршка на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, покривајќи ги сите земји-членки на ЕУ, земјите од Програмата Креативна Европа и земјите кандидати;
  • Обезбедување правна и практична поддршка на новинарите и другите вработени во медиумите на кои им е потребна помош;
  • Организирање на мисии за застапување на места каде што новинарите се под закана;
  • Следење на состојбата со слободата на медиумите во земјите-членки на ЕУ, земјите-учеснички во Програмата Креативна Европа и земјите кандидати;
  • Организирање на кампањи за подигање на свеста во областа на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите;
  • Обезбедување активности за комуникација и дисеминација;
  • Следење и евалуација на акцијата.

Конкретни активности кои ќе овозможат реализација на погоре наведените

  • Проекти за соработка;
  • Конференции, семинари;
  • Обуки;
  • Активности за подигање и дисеминација на свеста;
  • Акции насочени кон создавање и подобрување на мрежи, размена на добри практики;
  • Акции насочени кон создавање и подобрување на дигиталните алатки;
  • Студии, анализи, проекти за мапирање;
  • Правна и практична поддршка за новинарите;
  • Мисии за застапување во квалификуваните земји кога е потребно;
  • Финансиска поддршка на трети страни

Очекувани влијанија

  • Креирање на европски механизам за брз одговор за следење и поддршка на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, кој ги вклучува сите земји-членки на ЕУ, земјите-учеснички во програмата Креативна Европа и земјите кандидати;
  • Обезбедување правна и практична поддршка на новинарите и другите медиумски работници на кои им е потребна помош;
  • Мисии за застапување на локации каде што новинарите се загрозени;
  • Кампањи за подигање на свеста во областа на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите;
  • Активности за комуникација и дисеминација.

Начин на подготовка и доставување на предлог-проектите/апликацијата

  •  Предлог-проектите се подготвуваат во согласност со критериумите и условите наведени во документот за повикот: Call NEWS - Media Freedom Rapid Response Mechanism (CREA-CROSS-2025-MFP), Version 1.0, 22 October. 
    Линкови до Повикот и документот на повикот може да најдете тука и тука
  • Апликациите се обработуваат и се поднесуваат електронски преку Funding &Tenders Opportunity Portal (F&TP) . Информации за пристапување до F&TP може да најдете тука
    Он-лајн сесија за повикот, 12 ноември 2024 година, со почеток во 10:00 часот: На 12 ноември 2024 10:00 часот (средноевропско време) Извршна агенција за образование и култура (ЕАСЕА) ќе организира он-лајн информативна сесија за можноста за финансирање и процесот на аплицирање за овој повик. За учество на он-лајн сесијата може да се пријавите тука