Алијанса за новинарска наука – повик 1 (Journalism Science Alliance - call 1)
Алијансата за новинарска наука (JSA) е програма кофинансирана од Програмата „КреативнаЕвропа“ на ЕУ. JSA обезбедува грантови, обука, менторство и вмрежување за да го поттикне производството на локално, регионално и транснационално истражувачко новинарство поддржано од науката и да ја подобри меѓусекторската соработка помеѓу новинарството и истражувачките институции. Поддржани со обука и менторство обезбедени од JSA, новинарите и научниците ќе работат заедно за да откријат нови теми од јавен интерес што ќе допрат и ќе ангажираат (нова) публика за истражувачко новинарство, а воедно ќе служат на јавниот интерес низ цела Европа.
Алијансата за новинарска наука е управувана од конзорциум предводен од Универзитетот NOVA во Лисабон, во партнерство со Европскиот центар за новинарство (EJC).
Грантовите ќе бидат достапни за:
- Соработки што вклучуваат најмалку еден медиум и една истражувачка/академска организација што работи на истрага на тема од јавен интерес, како што се климатските промени, здравствената заштита, новите технологии, локалното управување итн. Листата на примери не е исцрпна.
- Организациите треба да бидат со седиште во една или повеќе земји што се приклучиле на целосниот меѓусекторски дел од Програмата „КреативнаЕвропа“ на Европската Унија, која обезбедува основно финансирање за JSA.
Земјите што ги исполнуваат условите ги вклучуваат сите 27 земји-членкина ЕУ и следните земји што не се членки на ЕУ: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Украина.
- Главниот апликант е секогаш медиум. Апликацијата треба да ја поднесе новинар поврзан со тој медиум кој ќе дејствува како водач на тимот. Ова може да биде и фриленсер, сè додека е поддржан од медиум.
- Поединечни новинари и/или научници можат да бидат дел од тимовите што аплицираат, доколку во апликацијата веќе се вклучени најмалку две организации (1 медиум и 1 истражувачка организација), но тиене можат да бидат водечки апликанти.
- Медиумите, новинарите, научниците и/или истражувачките организации надвор од земјите учеснички во „КреативнаЕвропа“ ќе можат да бидат дел од тимовите што аплицираат, доколку тие веќе вклучуваат еден медиум и еден истражувачки субјект што ги исполнуваат критериумите за подобност.
Грантовите може да се користат за покривање на сите трошоци потребни за развој, завршување и објавување на истражувањето и продукцијата на новинарска содржина, вклучувајќи ги трошоците за плати и човечки ресурси, трошоците поврзани со истражувањето, трошоците за превод и патување. Единствен исклучок се однесува на трошоците за опрема (хардвер), кои не се подобни.
Сега го објавуваме првиот повик во рамките на оваа програма. Издвојуваме приближно еден милион евра за поддршка на првата рунда новинарски проекти. Тимовите можат да аплицираат за грантови од 10.000 евра, 20.000 евра или 50.000 евра, во зависност од обемот на нивниот проект, сложеноста на предложените истражувања, бројот на вклучени партнери, природата на поврзаните задачи и приближниот временскирок.
Процес на селекција и временски рокови
Изборот на успешните апликации го врши независно жири составено од истакнати новинари и научници.
Успешните кандидати ќе бидат известени за исходот од нивната апликација штом независното жири ќе ја донесе својата одлука. Со оглед на очекуваниот голем број апликации, Конзорциумот го задржува правото да не дава индивидуални повратни информации до неуспешните кандидати.
Грантовите се доделуваат за период од 8 месеци. Сите финансирани проекти мора да бидат финализирани најдоцна до датумот наведен во договорот за грант.
Вкупен буџет: 1 000 000.00 €