Повик за Новинарски Партнерства - Плурализам и Повик за Новинарски Партнерства - Соработка [CREA-CROSS-2025-JOURPART]

By alfa4 , 9 Јуни, 2025
Отворен е Повикот за Новинарски Партнерства - Плурализам и Повикот за Новинарски Партнерства - Соработка [CREA-CROSS-2025-JOURPART] со краен рок за поднесување на предлог проектите до 27 февруари 2025 година до 17:00 часот (средноевропско време)
Повик за Новинарски Партнерства - Плурализам и Повикот за Новинарски Партнерства - Соработка [CREA-CROSS-2025-JOURPART]

Независните медиуми играат клучна и значајна улога во општеството и придонесуваат за почитување на клучните принципи на слободата на медиумите и плурализмот односно граѓанското учество. 

Преку овој повик организациите со искуство во медиумите ќе можат да основаат и да дистрибуираат средства до информативните медиумските субјекти во медиумските сектори кои се од особено значење за демократијата. Тука спаѓаат локалните и регионалните медиуми, медиумите во заедницата, истражувачко новинарство или медиуми специјализирани за вести од  јавен интерес. 

Буџетот наменет за повикот  изнесува 5,2 милиони евра, при што секој селектиран проект ќе може да добие најмногу до 2,5 милиони евра. Максималната стапка на кофинансирање на Европската Унија е до 90% од вкупнииот кбалификуван буџет на проектот. Оттука апликантите треба да ги кофинансираат своите проектни активности и од други извори.

Повикот опфаќа две теми:  (1) Новинарски Партнерства  и (2) Соработка

1. Повик за предлози за Новинарски Партнерства – Плурализам

Цели: 

Целта на овој повик е да се одржи и зајакне медиумскиот плурализам преку поддршка на локални и регионални медиуми, истражувачко новинарство и медиуми кои обезбедуваат вести од јавен интерес.

Оваа тема се фокусира на зачувување на медиумскиот плурализам, кој е од клучно значење за демократската дебата и граѓанското учество, а особено се однесува на:

  • Локалните  и регионалните медиуми кои честопати немаат ресурси да се прилагодат на дигиталните промени;
  • Истражувачкото новинарство и медиумите кои нудат вести од јавен интерес (како што се медиумите фокусирани на транспарентност, правни прашања или граѓански ангажман).

Предлог-проектите задолжително треба да предложат програма за финансирање наменета за други медиумски организации, а средствата треба да бидат наменети за активности кои ќе придонесат за трансформација на работата на целните групи, како што се:

  • Иновации во медиумското уредување (на пр. формати, содржина), покривање на вести и модели на приходи);
  • Подобрување на дистрибуцијата и ширењето на вестите;
  • Развој  на стратегии и вклучување на публика во градење на стратегии зазаедницата;
  • Развој на технички алатки кои ќе се применуваат на споменатите теми;
  • Обуки за споменатите теми

Квалификувани апликанти за повикот за Новинарски партнерства  - Плирализам

Квалификувани апликанти може да бидат индивидуални организации или конзорциуми составени од најмалку два апликанти од земјите кои учествуваат во програмата Креативна Европа. Квалификуваните апликанти се правни субјекти како што се: здруженијата на медиумите, невладините организации, непрофитните организации, граѓанските организации, јавните тела, меѓународните организации, универзитетите, истражувачките центри, новинарските фондови и организациите за обука на медиумски работници, фондациите и др. 

Очекувано влијание: 

  • Зголемена иновативност и креативност во бизнис моделите, новинарските продукција и процесите на дистрибуција;
  • Зголемена одржливост на професионално создадените новинарски содржини;
  • Зголемен интерес за професионално создадените новинарски содржини кај различни општествени, јазични и возрасни групи.

 Конкретно, со овој повик се очекува: 

  • Зголемена оптпорност, плурализам и уредувачка независност на ниво на Европската Унија во сектори како што се локалните регионалните и заедничките медиуми, истражувачките медиуми или медиумите специјализирани за теми од јавен интерес.
  • Зголемена отпорност на организациите активни во таргетираниот медиумски сектор и заштита на медиумскиот пејсаж.
  • Прогресивно усвојување на нови технологии во таргетираниот медиумски сектор до степен до кој тие придонесуваат за медиумски плурализам и разновиден медиумски пејзаж.
  • Поттикнување на создавање бази на знаење за медиумските сектори кои обезбедуваат вести од јавен интерес (на пр. откривање области со слаба понуда на висококвалитетни содржини и/или каде е загрозен медиумскиот плурализам).

2. Повик за предлози – Новинарски партнерства – Соработка

Цели:

Целта на поддршката за прекугранични предлози за соработка меѓу информативните медиумски организации на ниво на Европската Унија е да се подобри економската исплатливост на медиумите и да се промовираат иновации во моделите на приходи, развој на публиката и технички стандарди.

Апликантите се поканети да воспостават прекугранична медиумска соработка. Целта на предлогот може да биде развивање подобри модели за приходи и монетизација, нови пристапи за развој на публика, градење и маркетинг заедница, развој на заеднички професионални/технички стандарди, нови типови редакции, синдикални мрежи или други модели за размена на содржини/податоци меѓу вестите ширум Европската Унија или за обезбедување на помош за малите медиумски организации и друго. 

Предлог-проектите треба да вклучуваат активности кои најдобро ќе придонесуваат за целите на конзорциумот, како што се: настани, онлајн обуки и работилници за медиумски работници, програми за размена, програми за менторство, мапирање на најдобрите практики, развој на технички стандарди за целиот сектор, развој на упатства и уредувачки стандарди, развој на практични водичи, развој и тестирање на платформи и технички решенија за размена на идеи и најдобри практики, промотивни активности или други активности насочени кон зачувување на одржливоста на секторот, поттикнување на размена на најдобри практики меѓу операторите и поттикнување поддршка за медиумските сектори кои немаат средства да се прилагодат на дигиталната средина.

Кога станува збор за содржината, предлог проектите треба да имаат за цел да ја зголемат ефикасноста и квалитетот на известувањето преку иновативна новинарска соработка. Проектите можат да тестираат иновативни методи и формати на продукција или да придонесат за висококвалитетни стандарди на медиумска продукција на други начини на соработка. Целта на проектите може да биде да се зголеми размената на најдобри практики меѓу новинарите и да се оптимизираат работните процедури за новинарски жанрови кои бараат повеќе време и ресурси.

Квалификувани апликанти 

Квалификуваните апликанти се правни лица кои можат да бидат непрофитни, јавни и приватни медиумски куќи (печатен/онлајн печат, радио/подкаст, телевизија, и други) и други организации фокусирани на информативни медиуми (медиумски здруженија, невладини организации, новинарски фондови и организации за обука наменети за медиумски работници и други).

Предлог проектите се доставуваат до конзорциуми кои обединуваат најмалку три партнери од најмалку три различни земји кои учествуваат во програмата Креативна Европа. Бидејќи повикот има за цел да влијае на целиот сектор, се препорачува во предлог проектите да се вклучат што е можно повеќе медиуми со нивните активности.

Транснационалните конзорциуми на медиумски организации се поканети да се здружат со цел да поттикнат медиумска трансформација, доверливо известување и подобрување на вештините на професионалците во областа на информативните медиуми, на пример, развој на стандарди за медиумско производство/продукција, нови деловни модели, нови видови на весници и новинарски формати, размена на најдобри практики итн. Тие можат да се фокусираат на (под) сектор на информативни медиуми (на пр. ТВ, радио, печатени итн.) и/или на новинарски жанр (на пр. дата новинарство, специјализирано новинарство и други).

Времетраење на проектите: до 24 месеци.

 

Начин на подготовка и поднесување на предлог-проектите/апликацијата

  • Предлог-проектите се подготвуваат во согласност со критериумите и условите наведени во документот за повикот: NEWS – Media Literacy (CREA-CROSS-2025-MEDIALITERACY), Version 1.0, 22 October.  
    Линкови до повикот и документот на повикот може да најдете тука и тука
  • Апликациите се обработуваат и се поднесуваат електронски преку Funding &Tenders Opportunity Portal (F&TP). Информации за пристапување до F&TP може да најдете тука

Повеќе информации за повикот може да добиете на он-лајн сесија во организација на Европската Комисија, а која ќе се одржи на  14 ноември 2024 година од 14:00 – 15.30 часот. 

За учество на он-лајн сесијата може да се пријавите на следниов линк: Creative Europe-MEDIA and Cross sectoral 2025